Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)
Поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, преку рамковен договори и поврзаните годишни оперативни грантови, НВО Инфоцентар го спроведува четиригодишниот програмски циклус „Здружени за активно граѓанство“. Програмата ги зајакнува локалните граѓански организации (ГО) за да создадат можности за проактивно ангажирање на граѓаните во нивните заедници, овозможувајќи им да ги унапредат своите капацитети преку алијанси и обуки за мобилизација на граѓани, застапување и одржлив развој, и истовремено јакнејќи го јавниот притисок за партиципативна демократија и добро владеење.
Од 2022 година, преку оваа акција, НВО Инфоцентар воспостави соработка со 16 локални ГО, ги поддржа и охрабри да мобилизираат граѓани и да застапуваат партиципативна демократија на локално ниво. Ова е постигнато преку јакнење на нивните капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој, со цел да се поттикнат локалните власти да промовираат и практикуваат партиципативна демократија.
Соработката и поддршката за 16 ГО од Крива Паланка, Велес, Свети Николе, Струмица, Куманово, Теарце, Дебар, Скопје, Маврово и Ростуше, Битола, Струга, Штип, Гостивар и Демир Капија се обезбедува преку серија активности (вклучувајќи обуки, консултации во организација, менторство, настани и локални акции), прилагодени на специфичните потреби на секоја организација и заедница.
Вклучените ГО успешно го применуваат стекнатото знаење од осум обуки на теми од нивен интерес, вклучувајќи користење онлајн алатки за креирање едукативни и информативни видео содржини за социјални мрежи и кампањи; практични чекори за усогласување со Законот за заштита на лични податоци; унапредено прибирање средства и управување со проектен циклус; практична употреба на АИ алатки за ГО; и собирање и анализа на податоци и пишување извештаи.
Континуираната соработка и консултации со локалните ГО резултираа со дизајн и спроведување на 16 настани/локални акции и 16 заеднички иницијативи со новинари и локални медиуми. Овие активности обработија теми важни за локалните заедници, меѓу кои ги издвојуваме:
- младински активизам и застапување во рурални средини (Чашка и Теарце);
- економско зајакнување на рурални жени (Свети Николе, Дебар, Центар Жупа и Гостивар);
- решенија за коегзистенција на населението и зголемениот број на кафеави мечки (Маврово и Ростуше);
- подобрување на менталното здравје на младите преку одржлива комуникација помеѓу родители и деца (Крива Паланка);
- мапирање на алтернативни културни простори и промовирање на меѓугенерациски културен дијалог (Крива Паланка);
- родова еднаквост и родово буџетирање и политики на локално ниво (Струмица и Гостивар);
еднакви можности за мажи и жени (Свети Николе); - превенција од врсничко насилство (Струмица);
- вклучување на лица со попреченост во политичкиот и јавниот живот (Крива Паланка);
- подигнување на јавната свест за еколошки отпечаток и поттикнување учество во заштита на животната средина.
Овие локални активности овозможија учество на над 1.000 граѓани, вклучувајќи жители, рурални жени, млади, локални експерти, општински и институционални претставници, како и локални и национални новинари.
Активни млади, силна заедница, Дејан Ристов, АКТИВО Велес
Младите за подобра локална заедница, Маја Христовска, Иницијатива за граѓански интеграции – Гостивар
Личниот избор остава трага врз животната средина, Андријана Ристовска Костовска, Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК)
Кога сите се вклучени – заедницата напредува, Жаклина Цветковска, РЦС Спектар Крива Паланка
Жените во руралните средини ја движат промената, Ирина Поцкова, Граѓанска иницијатива на жени Свети Николе
Учеството на сите граѓани ја зајакнува заедницата, Ленче Христова, Организација на жени од Струмица
Културата ги поврзува генерациите, Методи Цветковски, Центар за аудиовизуелни уметности Крива Паланка
The post Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025) appeared first on АКТИВО.
This post was originally published on this site


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43343](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/viber_image_2026-01-21_15-12-46-731-e1769072908220-768x449.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43319](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/mrfp_1-768x512.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43308](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/image.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43310](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/pats-project-3-660x500-1.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43243](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/antikorupcija-rma-1-768x512.jpg)