[Aggregator] Downloaded image for imported item #43011

Инвестирањето како клучна финансиска вештина за младите

Во просториите на Up Hub Струмица, на 17 декември 2025 година, се одржа едукативно предавање посветено на инвестирањето и развојот на финансиски вештини кај младите. Настанот беше насочен кон практично разбирање на инвестирањето во хартии од вредност и улогата на финансиската едукација во носењето секојдневни и долгорочни финансиски одлуки.

Во период кога младите сè порано се соочуваат со потребата самостојно да управуваат со своите финансии, темите поврзани со инвестирањето стануваат сè порелевантни. Без соодветна финансиска едукација и јасни, практични информации, финансиските одлуки често се носат со несигурност или се одложуваат.

Во тој контекст, предавањето се фокусираше на реалните прашања и искуства на младите поврзани со инвестирањето како начин на управување со личните финансии. Посебен акцент беше ставен на интерактивниот пристап – преку отворена дискусија, прашања и размена на искуства, учесниците имаа можност активно да се вклучат и да ги адресираат дилемите со кои реално се соочуваат.

Преку предавањето, младите стекнаа знаења за инвестирањето во хартии од вредност, како дел од процесот на управување со личните финансии.

Предавач на настанот беше Иван Ивановски, кој со учесниците сподели практични искуства поврзани со инвестирањето и управувањето со личните финансии. Преку конкретни примери, тој се осврна на значењето на информираниот пристап, дисциплината и долгорочното размислување при донесувањето финансиски одлуки.

„Инвестирањето не е нешто што се учи преку ноќ. Тоа е процес кој започнува со знаење и трпение, а се гради со време и дисциплина“, истакна Ивановски, нагласувајќи дека финансиската стабилност и слобода се резултат на континуирано учење и одговорен однос кон сопствените финансии.

Преку ваквите активности, проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, придонесува кон унапредување на финансиските знаења и вештини кај младите во Југоисточниот регион. Овој проект го спроведуваат здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус Радовиш.

Од партнерските организации посочуваат дека финансиската едукација е клучна за младите, особено во контекст на сè покомплексните финансиски избори со кои се соочуваат.

Ваквите иницијативи отвораат простор за навремено информирање и континуирано учење за прашања кои сè почесто стануваат дел од секојдневието на младите и имаат долгорочно значење за начинот на кој младите ги разбираат и пристапуваат кон темите поврзани со финансиите, особено во делот на управувањето со личните финансии.

Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица

Продолжи со читање

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

  • УЧЕСТВО НА ВЕЖБАТА “DURIOS 1” И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ENSURE”

    Во периодот од 15 до 17 мај 2026 година, претставници од Доброволното противпожарно друштво Св. Николе учествуваа во вежбата “Durios 1”, која беше во организација на “E.P.O.M.E.A” Грција и меѓународната федерација “ELIT MISSION EUROPEAN FEDERATION”. Вежбата се одржа во комплексот Порто Крас, Солун, Грција. Целта на вежбата беше пребарување и спасување во случај на природни…

  • НЕДЕЛА НА ОТВОРЕНА ВЛАСТ 2026 година „ОТВОРЕНО ВЛАДЕЕЊЕ ВО ПРАКСА: ПАРТНЕРСТВО, УЧЕСТВО И ДОВЕРБА“

      Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година, Собранискиот канал ќе реализира еднонеделна програма посветена на промоција на отворено, транспарентно и отчетно владеење. Програмата се организира во контекст на спроведувањето на Шестиот национален акциски план за Партнерство за отворена власт и Третиот акциски план за Отворен парламент на Собранието на Република Северна Македонија. […]

  • Недела на отворена власт 2026 година: Отворено владеење во пракса – партнерство, учество и доверба

    Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година, Собранискиот канал ќе реализира еднонеделна програма посветена на промоција на отворено, транспарентно и отчетно владеење. Програмата се организира во контекст на спроведувањето на Шестиот национален акциски план за Партнерство за отворена власт и Третиот акциски план за Отворен парламент на Собранието на Република Северна Македонија. Во […]
    The post Недела на отворена власт 2026 година: Отворено владеење во пракса – партнерство, учество и доверба appeared first on IDSCS.

  • Одредско учество на редовното годишно Собрание на Сојуз на извидници на Македонија

    На 17.5.2025 год. (недела) во Скопје во Младинскиот центар “Старо Матично“ беше организирано редовното Годишно Собрание на СИМ. Се работеше по следниот дневен ред за работата на собранието: со следниот Дневен ред Регистрација на делегати Процедурален дел: Техничка проверка пред почетокот на Собранието Отварање на Собранието Воведен збор од Старешината…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор