[Aggregator] Downloaded image for imported item #43003

Зелени знаења за силна локална заедница во Ропотово

Во периодот од мај до октомври годинава, во село Ропотово беа успешно реализирани шест едукативни работилници со локалното население, наменети за зајакнување на знаењата и практиките поврзани со одржлив развој, заштита на животната средина и енергетска ефикасност. Преку овие активности беа опфатени околу 70 локални жители од различни возрасни групи, што потврдува силен интерес и потреба за ваков тип на локални едукативни иницијативи.

Работилниците беа организирани во три тематски целини, со по две работилници за секоја тема:

Првиот циклус беше посветен на селекција на органски отпад и компостирање. Учесниците се запознаа со тоа што претставува органски отпад, кои се придобивките од неговата правилна селекција и како преку компостирање може да се создаде корисен ресурс за градините и земјоделските површини. Посебен акцент беше ставен на надоврзување на традиционалните рурални практики со современи, колективни системи за управување со отпад. Во рамки на овие активности беа поставени и станици за собирање органски отпад на две локации во селото, а на учесниците им беа поделени и мали кантички за собирање органски остатоци во домаќинствата.

Вториот циклус работилници беше насочен кон енергетска ефикасност во домаќинствата. Локалните жители добија практични совети и насоки за намалување на потрошувачката на енергија, поефикасно користење на електричните уреди и подобрување на условите во домовите, со што директно се придонесува и за заштеда на ресурси и за почиста животна средина.

Третата тематска целина ги опфати обновливите извори на енергија, со фокус на можностите за користење на сончевата и ветерната енергија во рурални средини. Учесниците се информираа за придобивките од зелените енергетски решенија и нивната улога во долгорочен, одржлив локален развој.

Сите работилници беа реализирани во рамки на активностите на Зелениот ресурсен хаб воспоставен во село Ропотово, кој има за цел да служи како централен простор за едукација, информирање и размена на знаења за одржливо земјоделство, енергетски ефикасни практики и употреба на обновлива енергија. Преку ваквите активности, Ропотово се позиционира како пример за активно вклучена и информирана локална заедница што чекори кон поодржлива иднина.

*Активностите се дел од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина кој се спроведува со поддршка од Фондации Отворено Општество Западен Балкан.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор