Rec

УСПЕШНО ЗАВРШИ ОБРАЗОВНИОТ КАРАВАН ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!

Денес го одржавме завршниот настан од караванот со посета на основното училиште „Мирче Ацев“. Заедно со учениците разговаравме за био-отпадот, правилното сепарирање на отпадот и начините на кои тој може да се трансформира во корисни материјали преку практични примери и креативни еко-решенија.

Преку интерактивни активности, експерименти и отворена дискусија, учениците научија дека секој од нас, преку мали, но доследни чекори, може да придонесе за поздрава животна средина и почиста општина.

Им изразуваме искрена благодарност на наставниците, педагозите и учениците од сите основни училишта во Ѓорче Петров кои активно учествуваа и го поддржаа караванот. Вашата енергија и љубопитност нè мотивираат да продолжиме да спроведуваме еко-образовни активности и во други општини.

Овој настан е дел од проектот „Граѓански активизам за постигнување циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, а имплементиран од REC – Северна Македонија, Eko Logik и CED Florozon.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор