Et5a3165

Македонија може да стави крај на ХИВ – потребни се здружени сили и стабилна превенција

Северна Македонија има реална можност во следните години целосно да ја елиминира епидемијата на ХИВ, доколку навременото тестирање стане широко достапно, превенцијата биде системски зајакната, а институциите и граѓанскиот сектор продолжат со заедничка работа. Ова беше клучната порака од конференцијата по повод Светскиот ден за борба против ХИВ, организирана од ХЕРА.

На настанот беше истакнато дека навременото тестирање претставува најважната алатка за постигнување на целта – искоренување на ХИВ до 2030 година, како што истакна Националната координаторка за ХИВ – Милена Стевановиќ, бидејќи раното откривање значи навремен пристап до терапија и прекин на понатамошното ширење на вирусот. Јанис Мемелеѕис- Советник на СЗО додаде дека нема изговор во 2025 година некој да се инфицира со ХИВ, а доколку тоа се случи – да не биде навремено дијагностициран и поставен на терапија, при што беше потенциран потенцијалот на земјата за брзо ставање под контрола на епидемијата преку јакнење на постојните и развој на нови, иновативни пристапи во превенцијата.

Во текот на дискусијата беше посочена исклучителната важност од поддршка на насоченото тестирање преку граѓанскиот сектор, како што истакна Александра Ефтимова од Министерството за здравство, бидејќи токму ваквиот пристап овозможува да се стигне до лицата кои се дел од најризичните групи и кои најчесто се недијагностицирани. И покрај фактот дека средствата за превенција во моментов се намалени, институциите работат на воспоставување нови критериуми за распределба на буџетските средства, со очекување дека системот за превенција ќе биде унапреден од 2026 година. Во таа насока беше истакнато дека без финансиски ресурси не може да се постигнат резултати, но дека за успех е неопходна континуирана соработка помеѓу државните институции и граѓанските организации, кои имаат единствен пристап до заедниците со најголем ризик.

Беше нагласена и улогата на здравствениот систем во навременото поврзување на новооткриените случаи со терапија, како што посочи Румена Којчески од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, со што пациентите брзо достигнуваат недетектабилно вирусно оптоварување и можат да водат нормален живот. Сепак, и понатаму останува сериозен предизвик дискриминацијата кон лицата што живеат со ХИВ, особено во рамки на здравствениот сектор.

Конференцијата ја отвори и потребата од обезбедување соодветна правна рамка која ќе им овозможи на граѓанските организации формално да делуваат како даватели на услуги во превенцијата и тестирањето – заложба која ја истакна Елизабета Божиноска од Платформата за ХИВ на 13 граѓански организации – пракса што постои повеќе од 20 години и која е поддржана од 16 политички партии и содржана во три национални стратегии за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Беше истакната потребата од засилена политичка поддршка, особено во делот на справување со дискриминацијата, одржување на постигнатите резултати во третманот и во обезбедување стабилни и одржливи превентивни програми, како што нагласи пратеничката Даниела Николова, членка на Интерпарламентарната група за сексуално и репродуктивно здравје и права. Таа го истакна и предизвикот дека во моментот недостигаат околу 40 милиони денари за програмата за превенција да може целосно да ги даде очекуваните резултати и дека поднесениот амандман од опозицијата бил одбиен во парламентот.

Настанот заврши со заедничка порака дека елиминацијата на ХИВ во Северна Македонија е достижна цел, но само доколку продолжи тесната соработка меѓу институциите, граѓанскиот сектор и политичките чинители, поддржана со стабилно финансирање, ефикасна превенција и системска борба против стигмата и дискриминацијата.

Конференцијата се реализираше во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, кој се имплементира од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Здружението за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика Мобилитас“.

*Мислењата кои се изразени во ова соопштение не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат. 

 

Контакт:

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
hera@hera.org.mk

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор