Едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата
На 17.11.2025 година во општина Прилеп ја реализиравме едукативната работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен акцент на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа трудници и мајки кои се породиле во изминатите шест месеци.
Учесничките добија практични и корисни информации за тоа како да го унапредат своето здравје за време на бременоста, што е нормално да се случува во овој период, како и кои се најчестите ризици и можни здравствени проблеми. Дополнително, жените се запознаа со промените што се случуваат по породувањето, нормалните појави и знаците кои може да укажат на одредени здравствени потешкотии.
Посебен дел беше посветен на грижата и стимулирањето на развојот на бебињата и малите деца од 0 до 3 години. Учесничките добија насоки за правилна грижа, рана стимулација и препознавање на потребите на децата.
Работилницата вклучи и сегмент за мајчиното ментално здравје, во кој беа опфатени најчестите предизвици по породувањето. Жените имаа можност да вежбаат техники за релаксација и намалување на стресот, кои ги оценија како особено корисни.
Учесничките изразија задоволство од работилницата и истакнаа дека стекнале нови знаења важни за сопственото здравје и за грижата и развојот на нивните деца.
Работилницата е дел од проектот „Соработка во областа на здравството со Северна Македонија“, финансиски поддржан од Амбасадата на Франција во Северна Македонија.







![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41551](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/post-generic-image-1-768x461.jpg)
