581241704 1161716509486410 1248693795211026595 n

Покана за учество на информативни сесии за повик за грантови

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативните сеси за Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација , во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на:

📅 12.11.2025 (среда)  

🔹 Велес – Europe House    
10:00 – 12:00 часот
📍 8ми Септември 86  

🔹 Тетово – Europe House    
10:00 – 12:00 часот
📍 Маршал Тито бб     (Центар за култура „Иљо Антески – Смок“)  

🔹 Битола – Europe House    
14:00 – 16:00 часот
📍 Широк Сокак 147  

🔹 Охрид – Младински Центар Охрид    
14:00 – 16:00 часот
📍  Кленоец 1 Поранешна касарна – Генерал Михајло Апостолски  

📅 14.11.2025 (петок)  

🔹 Скопје – Граѓански ресурсен центар (ГРЦ)    
10:00 – 12:00 часот
📍  Климент Охридски 21  

🔹 Кочани – Општина    
10:00 – 12:00 часот
📍  Раде Кратовче бр.1     
(Сала за матично)  

🔹 Струмица – Europe House    
14:00 – 16:00 часот
📍 Благој Јанков Мучето бб  

🔹 Крива Паланка – Europe House    
14:00 – 16:00 часот
📍 Свети Јоаким Осоговски 175  

На инфо-сесиите ќе имате можност да дознаете:
✅ кои се целите на повикот,
✅ како да аплицирате,
✅ кои трошоци се прифатливи,
✅ и ќе можете директно да поставите прашања.

Проектот предвидува поддршка на иновативни проекти во областа на зелена економија преку грантови во износ до 15.000 евра. Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската Унија и го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.

👉 Ве молиме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 11.11.2025 г. за првата група информативни сесии и 13.11.2025 г. за втората група на: 📧 zel@mrfp.mk  или  +389 72 595 376.

Вашето учество и идеи се од големо значење за успешна реализација на проектот!

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор