[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281

Десетина моќни гласови и една заедничка порака: Скопје заслужува да биде подобар и позелен град

Вчера, на 30 октомври, амфитеатарот на Нетавил се претвори во сцена каде што градот проговори – преку гласовите на активисти, експерти, средношколци и пензионери кои споделија една заедничка визија: Скопје заслужува да биде поубаво, позелено и похумано место за живеење.

Под наслов „Што со пост-изборно Скопје?“, граѓаните имаа можност да дискутираат, да прашаат и да слушнат идеи за иднината на својот град. Говорниците упатија јасни пораки: време е за градоначалници кои ќе го исчистат градот, ќе инвестираат во одржлив транспорт, ќе овозможат квалитетно домување, ќе стават крај на урбаниот и сообраќајниот хаос, и ќе создадат повеќе зелени површини и паркови достапни за сите.

Секој од говорите ја истакна важноста на зелената култура и еколошката свест – вредности кои се темел на подобро општество. Благодарност до сите учесници кои со своето присуство и пораки придонесоа за овој инспиративен настан.

Посебна благодарност до говорниците:
Билјана Дуковска од МППС МАПП, Андријана Георгиев од ТРН.мк, Ива Петрунова од Градот убав, Дамјан Балковски од URB-ARH, Андреј Рајтоски од Gradinarot.mk, учениците Миа, Калина, Ивана и Борјан од Еколошка заедница Орце – ЕЗО, Кирил Пржо од Институт за комуникациски студии, Драган Димовиќ од Зелен хуман град, Дарко Арсовски од Go Green, Никола Писарев, како и Нурие, Иванка, Љубица, Славица, Марија и Драгица од Здружението на пензионери Чаир.

Настанот беше организиран во рамки на Еразмус+ проектот Gea, со кој ја заокружуваме трогодишната приказна исполнета со активности за еколошко образование, инклузија и граѓанско учество.

Скопје има потенцијал – и луѓе кои се грижат.
Да продолжиме заедно да го правиме подобро.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор