AER logo

ДДВ за физичките лица кои вршат стопанска дејност

Асоцијацијата на економски истражувачи и Центарот за даночна политика ќе организираат трибина за регистрирањето за плаќање на ДДВ на физички лица кои извршуваат стопанска дејност. Трибината ќе се одржи на 23 март 2017 година од 12 до 14 часот во ЕУ инфо центарот во Скопје.

На трибината ќе бидат покренати повеќе прашања: Дали е оправдано физичките лица кои вршат стопанска дејност да бидат обврзници за плаќање на ДДВ? Дали ова може да се смета за двојно оданочување? Зошто беше намален прагот за регистрација од 2.000.000 денари на 1.000.000 денари? И други.

Воведничари ќе бидат:
• Проф. Д-р. Александра Максимовска од Правниот факултет „Јустинијан Прво“;
• М-р. Трајан Николовски, Поранешен ракoводител на секторот за даноци во министерство за финансии;
• М-р. Рефика Муриќ од Агенцијата за сметководствен, даночен и бизнис консалтинг „Про агенс“;
• Славко Лазовски од Центарот за даночна политика, поранешен раководител на одделението за ДДВ во министерството за финансии;
• Бранимир Јовановиќ од Асоцијацијата на економски истражувачи.

Асоцијацијата на економски истражувачи е добитник на институционален грант од програмата Цивика мобилитас

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор