Mladinski politiki po merka na mladite 201111.jpg

Менталното здравје кај младите – тивка епидемијa

 Тркалезна маса: Менталното здравје кај младите – време е да зборуваме гласно

На 3 октомври 2025 година, во клубот „Утопија“ во Битола, Про Локал ја организираше тркалезната маса на тема „Менталното здравје кај младите“, во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“. Настанот беше посветен на една од најчувствителните, но и најактуелни теми во современото општество – менталното здравје на младите генерации.

На настанот учествуваа директорите на средните училишта во Битола, како и психолозите и педагозите од стручните служби, заедно со претставници на Општина Битола и тимот на Про Локал. Преку отворен и искрен дијалог беа идентификувани најчестите предизвици со кои се соочуваат младите, но и институциите кои се грижат за нивниот развој.

Психолозите истакнаа дека стигмата сè уште постои, но дека најчесто доаѓа од родителите, додека младите самите покажуваат сè поголема подготвеност да зборуваат за своето ментално здравје. Наставниците имаат потреба од системска поддршка и континуирани обуки за препознавање на рани знаци на анксиозност, депресија и емоционална исцрпеност кај учениците, додека недостигот на стручен кадар и недостатокот на континуитет при премин на учениците од основно во средно образование – кога не се пренесуваат психолошките досиеја – дополнително го отежнуваат процесот на навремена поддршка.

Во дискусијата беа опфатени и влијанието на социјалните медиуми, јавната осуда и булингот, како и генерациските разлики во вредностите и начинот на комуникација меѓу младите, родителите и наставниците. Сите овие фактори, заедно со зголемената изложеност на младите на дигитален притисок, создаваат комплексна слика која бара долгорочен и заеднички пристап.

Учесниците се согласија дека менталното здравје мора да стане приоритет во младинските и образовните политики, а не тема за повремена дискусија. Со брзите промени во начинот на живот и постојаната онлајн поврзаност, младите се соочуваат со притисоци кои бараат повеќе разбирање, превенција и поддршка од сите страни – училиштата, семејствата и заедницата.

Настанот заврши со потпишување Меморандум за соработка меѓу училиштата, Про Локал и Општина Битола – симбол на заедничка определба да се работи посветено и координирано во насока на создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за младите.

„Оваа средба не е крај, туку почеток на едно системско движење кое ја отвора темата за менталното здравје гласно и без предрасуди. Заедно со училиштата, институциите и самите млади, ќе продолжиме да градиме заедница која се грижи, слуша и реагира,“ – истакнува Про Локал.

Про Локал ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на младинското учество, градење капацитети на образовните институции и отворање можности за младите да го развиваат својот потенцијал во здраво, безбедно и поттикнувачко опкружување.

Во наредните пет месеци, во рамки на Програмата за промоција на менталното здравје на младите во општина Битола, Про Локал ќе реализира серија активности, меѓу кои: креативен настан под мотото „Сите имаме различни таленти, а исти предизвици“, активности од областа на физичкото и менталното здравје под наслов „Фитнес и тенис: телото како сојузник на умот“, посета на старскиот дом „Св. Спас“ со практична работилница за готвење и модерирана дебата „Баба знае најдобро“, тематски настан во Bliss Mall „Шопингот како терапија за менталното здравје?“ и завршен собир „Гласот на младите за менталното здравје“, кој ќе послужи како платформа за изразување на младинските ставови, потреби и препораки.

Проектот е поддржан од програмата Civica Mobilitas, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а имплементирана од НИРАС во конзорциум со Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор