[aggregator] downloaded image for imported item #39879

Повик за ангажирање на експерт/ка за изготвување на Стратешки план за 2026-2029 и фасцилитирање на троденвно Стратешко планирање

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата, IPA III Civil Society Facility and Media Programme 2023 , согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. IPA III/2024/461-642“, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди.

Потребно е ангажирање на експерта/ка за припрема и фасцилитирање на Стратешко планирање, со изготвување на финален извештај (опишани под точка 1). 

За горенаведениот предмет понудите да бидат испратени најдоцна до 18.09.2025 година (четврток) до 16:00 часот, по електронска пошта на jana.sotirovska@mhc.org.mk.  

Со оваа покана ви ја доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата. 

1. Опис на бараната набавка:

Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската унија. Во рамки на проектот потребен е ангажман на експерта/ка за припрема и одржување на тродневно Стратешко планирање наменето за Извршната канцеларија, како и Евалуација на Стратешкиот план на МХК 2022–2025 и подготовка на нов Стратешки план 2026–2029.

  • Опис на бараните услуги:

Лицето кое ќе биде ангажирано има обрвска да изврши детален преглед – евалуација на веќе постоечкиот Стратешкиот план на МХК 2022–2025 и да изготви конкретни препораки кои ќе бидат дискутирани на Стратешкото планирање. Покрај евалуацијата на постоечкиот Стратешкиот план на МХК 2022–2025, ангажираното лице ќе фасцилитира тродневно Стратешко планирање со членовите на Извршната канцеларија на МХК, со предвиден курикулум – анализа на новата драфт – Комуникациска стартегија, анализа на Функционалната анализа (2025) и прибрирање на препораки за понатамошниот развој на новиот Стратешки план 2026 – 2029. Од овие две активности, ангажираното лице е обрзано да изготви нов Стратешки план за 2026 – 2029;

  1. Општи информации

Од понудувачот се бара да достави работна биографија, предлог курикулум, финансиска понуда и две релевантни референци во согласност со горенаведените материјали. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 3 на овој документ. 

Цените при наведената понуда да бидат изразени без ДДВ. 

  1. Критериум за доделување на договорот за набавка

Критериумите за доделување на договорот за набавка се: 

  • економски најповолна понуда
  • адекватно работно искуство
  • најдобар предлог-курикулум

За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми. 

  1. Евалуација на понудите

При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, рокот на испорака и квалитетот на материјалите. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa. 

Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани; 

Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не на следната електронска адреса: jana.sotirovska@mhc.org.mk.  

Напомена: Проектот е ослободен од ДДВ. По направен избор за најповолен понудувач ќе биде доставено решение и потврда од УЈП и СЕП.  

 

The post Повик за ангажирање на експерт/ка за изготвување на Стратешки план за 2026-2029 и фасцилитирање на троденвно Стратешко планирање appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор