Povik za izrabotka na mediumski proizvodi google form rbjvbcdw2aclslh5eo0updcthho1wzpdakj3h9qu2g

Повик за изработка на медиумски производи

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, објавува повик за млади за изработка на медиумски производи на следните теми: конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Повикот е отворен за сите млади креативци на возраст од 15 до 29 години кои имаат желба да направат промени во својата заедница преку изработка на медиумски производи на теми поврзани со конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Услови и обврски за учество во програмата

Заинтересираните кандидати за учество во програмата потребно е да:

  • Се млади лица на возраст од 15 до 29 години;
  • Се заинтересирани за темите на проектот;
  • Учествуваат на неколку онлајн менторски средби за подготовка на медиумски производи (23 септември – 10 октомври 2025);
  • Се вклучат во теренска работа во локалните заедници и со помош и поддршка од ментори да изработат медиумски производ.

Главната цел на програмата е да поддржи 6 млади во промоција на позитивни наративи, од младите за младите кои ќе поттикнат мултиетничка соработка, инклузија и родова еднаквост.

*При изборот на учесници ќе биде земена предвид географската распределба на апликантите.

Областите на кои ќе треба да се фокусирани медиумските производи вклучуваат:

  • Врсничка едукација,
  • Идентитет и интеркултурен дијалог,
  • Младинско учество,
  • Младински активизам и
  • Обликување на перцепциите за стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Учесниците ќе работат со ментор кој ќе ги советува и ќе им помага при изработка на медиумските производи. Учесниците ќе имаат слобода да изберат различен формат кој ќе го користат при изработка на медиумските производи: веб, видео, аудио или печатени. Трошоците поврзани со спроведување на задачата ќе бидат соодветно надоместени по претходно одобрување и во согласност со политиката на организаторот.

Сите медиумски содржини кои ќе бидат изработени од младите учесници ќе бидат објавени и на социјалните мрежи на МОФ и УНФПА.

Краен рок за аплицирање е 18-ти септември 2025, на следниот ЛИНК. Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 22-ри септември 2025 година.

Доколку ви се потребни дополнителни информации или имате прашања, слободно обратете се на Ивона Кузмановска на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.

The post Повик за изработка на медиумски производи | Thirrje për prodhimin e produkteve mediatike appeared first on МОФ.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Заврши петиот Агро Саем Струмица

    На плоштадот  „Гоце Делчев“ во Струмица се одржа петтото издание на „Агросаем Струмица 2025“, настан чија цел беше да ги спои производителите, откупувачите, трговците, стручни лица и јавноста во еден настан за промоција на нови технологии, производи и идеи во земјоделството

  • Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење

    Finance Think, претставуван од нашата Благица Петрески, учествуваше со презентација на своите добри практики на вториот настан за макро-врсничко учење (Second Macro-Peer Learning Event), организиран од World Bank North Macedonia – Светска банка Северна Македонија во рамки на #EU Trust Fund for Strengthening #FiscalGovernance во #ЗападенБалкан. Настанот се одржа во Подгорица на 29–30 септември и […]
    The post Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење appeared first on Finance Think.

  • Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“

    Развивање дигитални решенија со општествен импакт
    Дигиталните технологии денес претставуваат клучни двигатели на промени во сите сфери на општеството. Кога ќе се спојат со социјалните иновации, тие создаваат нови можности за решавање на предизвици кои долго време останале нерешени. Овој спој отвора пат кон еден нов бран на суштински општествени трансформации, каде технологијата не е цел сама по себе, туку алатка што служи на заедницата и на луѓето.

  • Повик до граѓанските организации за учество на обука за архивско работење

    Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува да учествувате на еднодневна основна обука за административно работење, која ќе се одржи на 21 октомври 2025 година во Граѓанскиот ресурсен центар – Скопје.

  • Улогата на граѓанските организации и институциите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграции

    Претставници на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) учествуваа на регионалниот настан „Гласот на отпорот- граѓанските организации на Западен Балкан во свет на промени“ што го организираше Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) на 1 октомври 2025 година во Тирана, Албанија.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор