[aggregator] downloaded image for imported item #39058

Не молчиме! Зборуваме за предозирањето и повикуваме на промени.

На 31-ви август, светот се обединува за да го одбележи Меѓународниот ден на свесност за предозирањето. Ова е ден кога се сеќаваме на оние што ги загубивме и ги поддржуваме оние што се борат со овој тежок предизвик. Пораката на овој ден е јасна: секој живот има вредност, секоја загуба е трагедија, и секоја личност заслужува поддршка, а не осуда.

За жал, предозирањето често се третира како лична грешка или морален неуспех. Но, вистината е многу посложена. Секојдневно, животите се прекинуваат поради неуспешни и застарени државни политики. Многу од овие случаи се всушност трагедии предизвикани од неконтролираниот и небезбеден пазар на дроги.

Што значи тоа? Кога дрогите се нелегални, никој не гарантира за нивниот состав и јачина. Луѓето купуваат супстанца на црниот пазар, не знаејќи дали таа содржи опасни примеси како фентанил, или пак, дали е десет пати посилна отколку што очекувале. Оваа непредвидливост, директен резултат на постојните закони, е една од најголемите причини за смртоносни предозирања. Со тоа, животот не се губи поради „избор“, туку поради ризикот што го наметнуваат законите на државата.

Во ХОПС, веќе повеќе од 25 години, работиме токму на тоа – на хуманизација на ова прашање и на промена на општествената парадигма. Ние веруваме дека сè почнува со разбирање. Нашата мисија е да градиме заедница каде што луѓето се охрабруваат, каде што им се помага без предрасуди и каде што секој може да ја добие потребната поддршка. Ова е борба против стигмата и насилството, борба за човечност.

Нашите долгогодишни искуства покажуваат дека со вистинска помош, љубов и емпатија, можеме да направиме вистинска разлика и да ги смениме судбините на многу луѓе. Секоја приказна е важна и секој живот е бесценет, затоа што сите некому значиме!

Во пресрет на овој важен ден, сакаме да поставиме неколку прашања:

  • Дали сме подготвени да ја видиме вистинската причина за овие трагедии?
  • Дали сме подготвени да признаеме дека е време за промена на неефикасните политики?
  • Како ќе ја искористиме моќта на медиумите за да едуцираме, а не да осудуваме?
  • И, конечно, кои конкретни чекори ќе ги преземеме за заедно да изградиме општество кое го вреднува секој живот и нуди помош наместо забрана?

Во овие моменти, не мора да бидеме стручњаци. Доволно е да бидеме луѓе. Едноставен чин на добрина, поддршка и разбирање може да спаси живот. End Overdose!

The post Не молчиме! Зборуваме за предозирањето и повикуваме на промени. appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор