Untitled Design (8)

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, во организација на ХЕРА.

На настанот присуствуваа претставници од институции, граѓански организации, активисти и други засегнати страни и партнери на проектот со кои ХЕРА ја споделува својата мисија за   општество во кое жените и мажите еднакво придонесуваат за развој и економски напредок.  Присутните имаа можност да ги слушнат клучните препораки од изготвените документи за јавни политики за организирани социјални и образовни услуги за жените и другите ранливи групи граѓани, кои ќе го подобрат нивниот статус во општеството и ќе им овозможат поголема активација и интегрирање на пазарот на труд. Подобрен пристап до градинки, подобрени услуги за грижа во домот, достапност на грижа и нега за постарите лица, создавање нови образовни можности за жените во инженерството и технологијата, беа само дел од темите со кои на директен начин се покажа патот до повеќе вработувања, зголемена продуктивност и повеќе социјални и економски придобивки за сите.

Дополнително со промена на ставовите и перцепциите на граѓаните околу наследувањето имот, поделеното татковско отсуство, како и надминување на мислењето за „типичните женски и машки професии“, може да придонесе за позитивни промени кои ќе можат да бидат применливи во пракса и од кои сите добиваме. Поддршката за родовата еднаквост не е само прашање на социјална правда туку вистински мотор и двигател на економијата.

Во воведните обраќања Фатмир Сабриу – Државен секретар во Министерство за социјална политика, демографија и млади истакна дека еднаквиот пристап на жените до работа, ресурси и образование придонесува до поголема продуктивност и иновации.

„Како претставник на Министерството за социјална политика, демографија и млади тука сум да ја искажам нашата заложба за креирање на родово инклузивни политики од чие имплементирање зависи и напредокот на едно општество.

Затоа што, родовата еднаквост не е само идеал – таа е неопходност.

Живееме во време кога повеќе од кога било се зборува за правда, слобода и човекови права. Но, тие зборови остануваат празни ако не ги вградиме во конкретни, реални политики – и ако тие политики не ги опфатат сите. Зборуваме за родово инклузивни политики – политики што не гледаат само низ машка или женска перспектива, туку низ човечка перспектива.

Родово инклузивните политики значат дека ќе го слушнеме гласот на сите. Дека ќе создадеме систем кој ги препознава различностите и не ги користи како изговор за исклучување, туку како причина за подобра, пофер и поодржлива иднина“, рече Сабриу.

Румена Ѓердовска – Којчески, претседателка на ХЕРА рече дека со овој проект е изграден националeн координативен механизам за родова еднаквост создадена е структура која ќе биде во состојба да промовира и да лобира за родово засновани политики и практики кои потполно ќе ги заштитат правата на женитеи девојките.

„Само така, преку заедничка работа и разбирање, можеме да создадеме основа за вистинска, долгорочна родова еднаквост – еднаквост што не само што ќе биде препознаена, туку и живеена, застапувана и вградена во срцето на нашите институции и вредности“, рече Ѓердовска – Којчески.

Андру Бренд – Раководител на програма во Британска амбасада истакна за да бидат овие политики информирани, ни се потребни и соодветни податоци и разгледување на социјалниот контекст, традициите и наративите во општеството.

„Она што го согледавме е дека економското овластување на жените и девојчињата и отстранувањето на бариерите до економски можности се клучни чекори за тие да го остварат својот целосен потенцијал. Ова ќе биде од корист и за нив, и за општеството во целина. Но, податоците и истражувањата покажуваат дека ова е сложено прашање кое бара ангажман и посветеност од многу чинители и на повеќе нивоа. Ќе бидат потребни подобрувања во социјалната грижа и државната поддршка за детски градинки, грижа за стари лица, во трудовото законодавство и во традиционалното разбирање за поделбата на работни места на „машки“ и „женски“ работи. Ќе биде неопходна и поширока дискусија за општествените норми и традиции. Токму затоа сме овде денес – да разговараме за предизвиците и за тоа како можеме да ги подобриме политиките, практиките и податоците за жените во општетсвото“, рече Бренд.

Завршниот настан се организира во рамки на Проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, кој го спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Британска амбасада Скопје.

Со почит,

Тимот на ХЕРА

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор