[aggregator] downloaded image for imported item #37601

Прв меѓународен извиднички камп Велес – Ниш – Белград, Охрид 2025

Во периодот од 22 до 31 јули 2025 г0д. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид се организира првиот меѓународен камп на извидничките одреди од Велес, Ниш и Белград. Учесници се од следните одреди и тоа: извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш и извидничките одреди “Бреза“ и “Михалјовац“ од Белград. Ова деседневно меѓународно логорување се одржува под мотото “Магичните тајни на Охридското езеро“ 2025 Целокупните активности се реализираат според серијалот на приказни на детето магионичар Хари Потер кој во целокупниот серијал се соочува со разни предизвици и склопување на пријателства.

На кампот сите 50 учесници се попделени во следните патроли: Кандерштек, Гилвел парк, Олимпија, Женева, Охрид и Јатото Вилењаци, а водно се работат следните теми: Симболичка рамка, ПРЕС конфренција (преставување на патролите, знаме, химна, вредности и задачи), магично билкарство (хербариум, препознавање на растенија), работилници на вода, вештината на говорот (јавни настапи и важноста на самодовербата).

Покрај тематските денови се организираа посети на комплексот Св. Наум, градот Охрид и Струга.
Водејки се од приказната на Хари Потер се организираат и следните активности: Мистерија за решавање и пронаоѓање на „волшебното стапче“, 1. Покана за авантура (прв ден)
Учесниците добија писмо во старомоден стил пр.: “Млади волшебници! Охридското Езеро го крие моќното стапче на волшебникот од Охрид. За да го пронајдете, мора да ги решите загатките во наредните денови што ми останаа и да покажете дека сте достојни за магија.“ 2. Прва загатка: Златната тајна на водата.

  1. Втора задача: Шифрирана магија Учесниците добија древен „пергамент“ со код (Цезар, 6×5, невидливо мастило итн.) што треба да го дешифрираат. Дешифрираната порака ги насочува кон следната локација. 4. Магичен напиток
    Во логорот има „состојки“ (нане, лимон, шеќер, прехранбена боја) и упатства за правење напиток што ја менува бојата. Откако го направија напитокот, добиваат нова порака: „Волшебниците кои знаат како да ја мешаат моќта го добиваат клучот“. 5. Тајна патека и финале: Магичното стапче Последната трага ги води до местото каде што е скриено стапчето (направено од дрво, убаво украсено). Добиваат и сертификат, значка или друга симболична награда.

Со овој извиднички камп започнуваме нова програмска определба каде што сакаме да се поврземе со сите поранешни добри извиднички соработници и одреди.

На овие линкови можете да ја видите атмосверата на кампот:

https://www.instagram.com/p/DMmVNJxo6YC/

https://www.instagram.com/p/DMkiZ4XMNte/

https://www.instagram.com/p/DMf-asNsoN0/

https://www.instagram.com/p/DMdpLbQMGyu/

https://www.instagram.com/p/DMaer7Mojmg/

https://www.facebook.com/photo?fbid=3034520703393530&set=pcb.3034523763393224

https://www.facebook.com/photo?fbid=3034520760060191&set=pcb.3034523763393224

https://www.facebook.com/savezizvidjacacukarice.beograd

The post Прв меѓународен извиднички камп Велес – Ниш – Белград, Охрид 2025 appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор