[aggregator] downloaded image for imported item #37176

„Од едукација до акција: Поставен првиот систем за колективно компостирање во село Ропотово“

Во рамки на нашите активности за зајакнување на локалните капацитети за одржливо управување со отпадот, успешно реализиравме тридневна обука за компостирање со вработените од Јавното комунално претпријатие Долнени. Работилниците беа одржани на 03.04.2025, 15.04.2025 и 06.05.2025 година во с. Ропотово, која резултираше со воспоставување систем за собирање и преработка на органски отпад на локално ниво.


📅 Ден 1: Големата слика – Зошто да се обработува органскиот отпад? (03.04.2025)

Обуката започна со запознавање на учесниците со влијанието на органскиот отпад врз животната средина, емисиите на метан и принципите на кружната економија. Присутните дискутираа за улогата на компостирањето во одржливото земјоделство и како локалните институции можат да предводат вакви иницијативи.

Во вториот дел, беше објаснета науката зад процесот на компостирање — фазите на распаѓање, улогата на микроорганизмите, и балансот помеѓу „кафеави“ и „зелени“ материјали.

Работниот ден заврши со практична вежба за избор на соодветни локации во с. Ропотово за поставување станици за собирање органски отпад и зелена зона за компостирање.

Клучна порака од учесниците:

„Денес сфативме дека органскиот отпад не е само товар за депониите, туку ресурс што можеме да го искористиме за почиста и позелена општина. Сите заедно мора да работиме на поголема свесност и одговорност кон животната средина.“


📅 Ден 2: Техники на компостирање (15.04.2025)

Вториот ден беше посветен на практични техники за градење и одржување на компост. Учесниците учеа како правилно да ги постават материјалите, да го контролираат нивото на влага, аерација и дренажа, како и кога и како да го превртуваат купот компост.

Следуваше сесија за препознавање и решавање на најчестите проблеми во компостирањето — лоши мириси, бавно распаѓање, појава на штетници и вишок на влага.

Работилницата заврши со обука за безбедно постапување со отпадот, прилагодување на практиките за различни сезони и дефинирање на институционални одговорности во системот за компостирање.

Клучна порака од учесниците:

„Компостирањето не е комплициран процес — со малку знаење и грижа можеме да го претвориме отпадот во нешто корисно и вредно за нашите градини и паркови. Ако ова може да се применува во Германија и Швајцарија, зошто да не може и кај нас. Системот го креираат луѓето и сите заедно мора да придонесеме за да живееме поквалитетно.“


📅 Ден 3: Употреба на компост и долгорочно планирање (06.05.2025)

Последниот ден беше посветен на користењето на подготвениот компост, неговите придобивки и можности за примена во јавни и приватни зелени површини.

Во рамки на практичната работа, беа поставени станици за собирање органски отпад на однапред определени локации и беше монтирана зелена зона за компостирање во кругот на ЈКП Долнени.

Денот заврши со креирање долгорочен план за работа и одржување на компостот и со давање изјава за медиуми, каде што претставниците на Општина Долнени и ЈКП Долнени ја споделија својата заложба за продолжување на активностите за одржливо управување со органски отпад на територијата на општина Долнени.

Клучна порака од учесниците:

„Горди сме што денес за прв пат во нашата држава поставуваме систем за колективно  компостирање и со тоа стануваме пример за останатите општини во промовирање одржливи практики за преработка на отпад.“


Активноста е дел од проектот: „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се спроведува со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор