[aggregator] downloaded image for imported item #37414

Зајакнување на улогата на жените во контролата на мало и лесно оружје и спречувањето на родовото насилство во Западен Балкан – регионална работилница

Препознавајќи ја клучната улога на женските организации во застапувањето за одржување на мирот, разоружувањето и борбата против родовото и семејното насилство, SEESAC* собра претставници од 18 женски организации од Западен Балкан на работилница за род и мало и лесно оружје, одржана во Тирана на 1-2 јули 2025 година. Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА ПЕТ учествуваше на работилницата, заедно со уште две претставнички од граѓански организации од Северна Македонија.

Работилницата обезбеди опширен вовед во контролата на малото и лесно оружје (МЛО), запознавајќи ги учесниците со клучните концепти, инструменти и увиди во актуелните трендови, развојот на политиките и институционалните механизми во регионот. Учесниците беа запознаени со релевантните нормативни и политички рамки на ООН и ЕУ, со посебен фокус на спроведувањето и следењето на Патоказот за контрола на МЛО во Западен Балкан.

Дискусиите, исто така, ја истражија улогата на контролата на МЛО во спречувањето на вооружено насилство и растечката конвергенција помеѓу рамките за родова еднаквост и контрола на МЛО. Понатаму, работилницата се осврна на улогата на огненото оружје во семејното насилство и врската помеѓу родот, специфичните поими за машкост и побарувачката за или злоупотреба на огнено оружје.

Во текот на два дена, претставници на женските организации во регионот се вклучија во дискусија за тоа како дополнително да се унапреди родовата одговорност во контролата на МЛО и да се зголеми учеството на жените. Работилницата придонесе за проширување на вклученоста на женските организации во креирањето политики за контрола на МЛО и овозможи размена на знаење.

Настанот беше отворен со поздравни говори од г-дин Бесфорт Ламалари, заменик-министер за внатрешни работи и раководител на Комисијата за МЛО во Албанија, г-ѓа Софија Евангелу, претставник на Делегацијата на Европската Унија во Албанија и г-ѓа Ранди Дејвис, постојан претставник на УНДП во Албанија.

Работилницата заврши со потврдена заедничка посветеност за понатамошно зајакнување на улогата на женските организации на граѓанското општество во контролата на МЛО и справувањето со родово базираното насилство во Западен Балкан.

Регионалната работилница беше организирана во рамките на регионалниот проект „Поддршка за зајакнување на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје (МЛО) во Западен Балкан“, финансиран од Европската комисија, Генерален директорат за соседство и преговори за проширување, преку Инструментот за претпристапна помош (IPA II). Преку овој проект, SEESAC им обезбедува поддршка на властите во Западен Балкан за вклучување на родовата перспектива во мерките за контрола на МЛО и, особено, за спречување и борба против злоупотребата на огнено оружје во семејно насилство.

*Клириншката куќа за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (South Eastern and Eastern Europe Clearinghouse for the Control of Small Arms and Light Weapons – SEESAC) работи на зајакнување на капацитетите на националните и регионалните засегнати страни за контрола и намалување на пролиферацијата и злоупотребата на мало и лесно оружје, унапредување на родовата еднаквост, олеснување на регионалната соработка и со тоа придонесување за подобрена стабилност, безбедност и развој во Југоисточна и Источна Европа. SEESAC функционира како заедничка иницијатива на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Советот за регионална соработка (RCC). SEESAC тесно соработува со владите во Југоисточна и Источна Европа и е поддржан од Европската Унија, Германија, Франција, Соединетите Американски Држави, Норвешка, Словачка, Обединетото Кралство, Шведска и Холандија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор