Viber image 2025 07 21 09 16 06 814.jpg

Млади Македонци од дијаспората се поврзуваа со татковината

На 17 јули 2025 година, шест млади Македонци од дијаспората го завршија престојот во Македонија и учеството во тринеделната програма „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2025. Организирана од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), оваа програма секоја година им овозможува на младите чии корени се во Македонија да се поврзат со татковината преку стручни пракси, преку средби со различни општествени чинители, запознавајќи ја културата на земјата. На завршната свеченост која се одржа во Вајн Бери (Wine Berry) во Скопје, учесниците се осврнаа на своите искуства од деветтото издание на „Родум од Македонија“.

viber image 2025 07 21 09 16 06 814

„Моето време поминато во Македонија преку програмата е искуство што ќе го носам со себе засекогаш“, вели Лила Илиева Ноневски од САД. „Стекнав пријатели за цел живот и бев дел од извонредни авантури. Имав можност повторно да се поврзам со моето потекло, семејството и културата. Ќе ги паметам доцните разговори  со шопска салата и пеењето во автомобил додека патувавме меѓу историските локалитети,“ рече таа.

Викендите беа посветени на запознавање на културно наследство. На почетокот учесниците уживаа во запознавањето со Скопје. Тие го посетија кањонот Матка, црквата „Св. Пантелејмон“, Водно, Старата скопска чаршија и центарот на градот. Вториот викенд беа во Охрид, каде ги разгледаа културните знаменитости како што се црквата „Св. Софија“, Античкиот театар, „Св. Јован Канео“ и манастирот „Св. Наум“, пред да се разладат во прекрасното Охридско Езеро во с. Трпејца. Следниот ден заминаа за Битола, каде ја посетија познатата Саат-кула, црквата „Св. Димитрија“, прошетаа по Широк сокак и го разгледаа Музејот на Битола. Последниот викенд го минаа на традиционалната Галичка свадба.

viber image 2025 07 21 09 16 06 392

Во текот на работната недела, учесниците имаа „Среда надвор од канцеларија“, или пауза од нивните пракси за да се вклучат во други активности.  Тие беа гости на Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во Собранието на Р.С. Македонија се сретнаа со пратеничката Марија Петрушевска, а го посетија и Министерството за надворешни работи, каде се сретнаа со Боро Мирчевски и Горан Ангелов од Агенцијата за иселеништво. Разговараа за зајакнување и подобрување на односите меѓу Македонија и дијаспората. Учесниците ги посетија и Музејот на македонската борба за самостојност, Меморијалниот центар на холокаустот, Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на македонските бегалци, како и гробот на Гоце Делчев. Оваа година, за првпат беа вклучени во општествено одговорни активности како што беше акцијата за чистење на отпадоци во Градскиот парк во Скопје.

viber image 2025 07 21 09 13 50 832

„Оваа програма се стреми да ги прикаже значајните историски настани од Македонија, но и да понуди внатрешен поглед во политичкиот систем,“ смета Кирил Гаџовски oд Канада. Тој додаде дека најмногу ќе го памети капењето во Трпејца за време на посетата на Охрид.

На завршниот настан учествуваа претставници од компаниите каде учесниците ја извршуваа својата практична работа, Македонци од дијаспората, локални Македонци, тимот одговорен за програмата и други поддржувачи. Заедно го прославија успехот на учесниците од „Birthright Macedonia 2025“ и нивната продлабочена поврзаност со македонските корени.

viber image 2025 07 21 09 13 50 521

Ова е деветтиот по ред „Родум од Македонија“. Досега, преку програмата, повеќе од 60 млади луѓе од САД, Канада, Австралија, Велика Британија, Швајцарија, Босна и Херцеговина и Нов Зеланд имаа можност директно да се поврзат со своите корени и татковина. Секоја година, ОМД и МЦМС ги пречекуваат студенти од втора, трета, па дури и четврта генерација Македонци родени во дијаспората. За некои ова е прва посета на Македонија, а за други, прво доживување на земјата на нов, подлабок начин.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор