Mcms4631 mcms1.jpg

Безбедноста е обврска на сите, не само на институциите

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против терориза (НКСНЕБТ) на 16 јули 2025 година ја организираа работилницата „Радикализација – препознавање и методологија на работа“. На настанот учествуваа дел од членовите на Националниот комитет како и претставници на клучните безбедносни институции: Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност, Агенција за разузнавање и Министерството за одбрана.

MCMS4631 MCMS1

Во своите воведни обраќања, националниот координатор  Павле Трајанов и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски се осврнаа на соработката меѓу граѓанскиот сектор и институциите во областа на спречување на насилен екстремизам и радикализација, посочувајќи дека со текот на времето е воспоставена координација и комуникација што овозможува граѓанскиот сектор да има конструктивна улога во поддршката на чувствителни безбедносни процеси. Трајанов, го нагласи значењето на координираното дејствување и меѓусекторската поврзаност, подвлекувајќи дека безбедноста не е исклучиво надлежност на државните органи, туку е и поширока општествена одговорност во која граѓанското општество и меѓународните партнери имаат суштинска улога.

MCMS4633 MCMS 1

Содржината на работилницата беше структурирана низ интерактивни излагања и дискусии предводени од проф. д-р Тања Милошевска, од Филозофскиот факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, и полковникот Методи Хаџи-Јанев, вонреден професор и д-р по меѓународно право на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” која е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во своето излагање, Милошевска се фокусираше на теоретската рамка на радикализмот, објаснувајќи ги разликите меѓу радикализам, насилен екстремизам и тероризам – три поими кои често се користат како замена еден на друг, но опишуваат суштински различни феномени. Беа обработени и различните форми на радикализација – од религиозен, етнички и политички радикализам, до се понагласената онлајн радикализација преку дигитални канали и социјални мрежи. Дискусиите го опфатија и процесот на радикализирање, фазите низ кои тој се развива, како и индикаторите за рано препознавање.

Во вториот дел од работилницата, професорот Методи Хаџи-Јанев се осврна на практичните аспекти на интервенција, со акцент на улогата на полицијата и другите институции во спречување на радикализацијата. Неговото излагање ја нагласи важноста на довербата помеѓу институциите и заедницата, потребата од пристапи за де-ескалација и меѓуинституционална соработка. Преку практични примери и сценарија, се разработуваа пристапи во справување со лица кои покажуваат знаци на радикализација, како и улогата на различни институции – од образовните, социјалните и верските институции до безбедносните служби – во мултисекторска соработка.

MCMS4646 MCMS1

Учесниците истакнаа дека содржината била интересна за сите и дека со вакви работилници треба да бидат опфатени повеќе припадници на безбедносните служби, особено на Министерството за внатрешни работи. Дел од нив изразија интерес и за други аспекти во справувањето со овие предизвици поврзани со финансирањето, хибридните закани, како и за подлабински погледи на потеклото на радикализацијата. Вакви интензивни и стратешки насочени работилници придонесуваат за  зајакнување на капацитетите на безбедносните институции за рано препознавање и координиран одговор  на ризиците поврзани со радикализацијата и насилниот екстремизам, отворајќи простор за подлабоко институционално вмрежување и соработка со граѓанското општество во интерес на мирот и стабилноста во земјата.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор