Platforma Za Rodova 1.png

Реакција: Бришење на член 96 од Законот за полиција е директен удар врз принципите на еднаквост и правична застапеност

Платформата за родова еднаквост остро реагира на предлог-измените на Законот за полиција, кои се веќе доставени до Собранието на   Република Северна Македонија, а со кои се предлага бришење на членот 96 од важечкиот закон  член што јасно ја утврдува обврската за   почитување на принципот на еднаквост  при вработувањето во полицијата.

Член 96 од постојниот Закон за полиција:
(1) При вработувањето во Полицијата треба да бидат соодветно и правично застапени граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
(2) При вработувањето во Полицијата да се почитува принципот на еднаквост на половите.

Со ваквата измена се укинува единствениот член кој експлицитно упатува на еднаквост и инклузивност во полициската структура,  што не само што е спротивно на националното законодавство и на обврските преземени со Истанбулската Конвенција и други меѓународни конвенции, туку испраќа и опасна порака дека родовата еднаквост и инклузивноста се ирелевантни во изградбата на безбедносните институции.

Овој предлог доаѓа во контекст на сериозна јавна загриженост поради бројни случаи на несоодветно постапување и неефикасна заштита од страна на полицијата, особено во случаи на родово базирано и семејно насилство. Наместо унапредување на стандардите и одговорноста, се предлага институционално назадување.

Укинувањето на вакви клучни одредби значи легитимирање на нееднаквоста и дискриминацијата, но и сериозно го загрозува кредибилитетот на полицијата како сервис за сите граѓани. Жените кои и онака се недоволно застапени во безбедносниот систем,  ќе станат уште поневидливи во институција што има клучна улога во заштитата од насилство и гарантирањето на јавната безбедност.

Бараме итно повлекување на измената со која се укинува членот 96 и јасна заложба од институциите дека правото на еднаквост и родова застапеност останува неповредливо загарантирано и задолжително во секој дел од системот, особено во полицијата.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор