Учество на промоцијата на романот “Цреша“ од Александар Сашко Кукулев
На 13.6.2025 год. (петок) во фоајето на велешкиот театар беше промовиран романот “Цреша“ од
нашиот добар одредски другар Александар Сашко Кукулев. Промоцијата на романот „Цреша“ беше дел од содржините на 62 манифестација Рацинови средби.
Делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ учествуваше на оваа промоција на
роман кој е воздудливо и повеќе слојно дело, а кое се чита во еден здив и во кој е
претставена драматична состојба на современо македонско семејство, кое живее со проклетството од 1922 година од Егејско. Ова би го кажал за романот пред десет дена, што како порив го имав за да ја напишам. Но по рецензиите на промоторите, је гледам поголемата слика и зборувам сосема друго. Ова е една длабоко македонска приказна за Македонија од почетокот на 20 век до ден денешен.