20250429 174412 mcms.jpg

Советот на МЦМС го усвои Годишниот извештај и избра нови состави на Советот и Управниот одбор

Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 29 април 2025 година ја одржа редовната седница на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2024 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор и беа избрани нови состави на Управниот одбор и Советот на МЦМС.

20250429 174412 MCMS

Годишниот извештај за 2024 година го презентираше Александар Кржаловски, директор на МЦМС. Тој се осврна на постигнувањата во програмите на кои работеше организацијата во претходната година, како и на финансиските податоци, а направи и рефлексија првите месеци од оваа година. „МЦМС ја заврши годината во која спроведуваше 28 проекти, а буџетот изнесуваше околу 180 милиони денари (околу три милиони евра). Фокусот беше на јакнењето на граѓанското општество, борбата против корупцијатаи социјалната инклузија“, рече тој.

20250429 165438 MCMS

2024 MK coverЧленовите на Советот, во нивните дискусии се интересираа за диверзификацијата на фондовите, особено во светло на прекинувањето на договорот за една од програмите поддржана од УСАИД, на видливоста на резултатите и потребата повеќе да се работи на неа, а беше побарано од МЦМС да покрене иницијатива за воспоставување на платформа на граѓански организации која би ги застапувала нивните интересите пред институциите. По дискусиите, членовите едногласно го усвоија Годишниот извештај за 2024 година.

Во вториот дел од седницата со тајно гласање беа спроведени избори на членови на Управниот одбор и Советот.

20250429 175110 MCMS

Од предложените 22 кандидати за членови на Советот, беа избрани 18, па новиот состав на Советот го сочинуваат: Елена Кочоска (на предлог на УО), Надир Реџепи (ИнСок), Герман Филков (ЦГК), Лулзим Хазири (АДИ), Симонида Кацарска (ЕПИ), Назиф Авди (МЗМП), Неда Малеска Сачмароска (ЦУП), Дејан Страчковски (МПЦ), Ирсал Јакупи (ИВЗ), Благица Петрески (Фајнанс тинк), Марко Трошановски (ИДСЦС), Сања Васиќ (МИМ), Назим Рашиди (Диверзити медиа), Драган Секуловски (ЗНМ), Тетјана Лазаревска (МРФП), Наташа Вртеска (ЗЕЛС), Томе Христоски (општина Крушево), Никица Мојсоска Блажевски (Македонија 2025).

Новиот состав на Управниот одбор е: Елена Кочоска (на предлог на УО), Надир Реџепи (ИнСок), Васил Манасиев (МПЦ), Неда Милевска Костова (Студиорум), Тетјана Лазаревска (МРФП), Сања Васиќ (МИМ), Назим Рашиди (Диверзити медиа).

МЦМС им додели благодарници за досегашната посветена работа на членовите на двете тела на кои им завршија мандатите со посебно признание до Сашо Клековски, еден од основачите и долгогодишен директор на МЦМС.

20250429 172805 MCMS

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор