Bilten 1

Прв билтен на GreenLead: Почеток на активностите за зелена транзиција

Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји​.

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и има за цел да ја поддржи зелената транзиција на европските МСП преку развој на нови профили на „Зелен лидер“ и иновативна обука за едукатори и бизниси.

Македонскиот партнер во проектот е Еко Логик, кој активно учествува во сите активности и придонесува кон градење на поодржлива и поконкурентна економија во Европа.

Следете нè за повеќе информации и наредните чекори на GreenLead!



This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор