Zelen institut

Зелен институт: Поддршка за измени на Законот за урбано зеленило од градоначалникот на Кисела Вода

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓевски, го поддржа предлогот за измени на Законот за урбано зеленило што му го претставија Лилјана Поповска и Ана Петровска од Зелениот институт. Градоначалникот вети дека ќе го изложи предлогот од Зелен институт на седница на ЗЕЛС, како актуелен негов претседател.

Предлог-измените беа изработени во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, под водство на Зелен институт и поддршка од Шведска. Целта на законот е да се спречи уништување на градското зеленило со урбаната експанзија и непочитувањето на законите.

Се предлага усогласување на Законот за урбано зеленило од 2018, со законите донесени по него, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење и Законот за прекршоци, во однос на: видови урбанистички планови и планско-проектна документација според важечкиот Закон за урбанистичко планирање од 2020; класи на намени на зеленило и зелена инфраструктура според Правилникот за урбанистичко планирање од 2020 и дефинирање категории на урбано зеленило според пешачко растојание од домот и достапна површина; зголемување на нормативите за зеленило според новите европски трендови за зелена инфраструктура и одговор на климатските промени; утврдување минимален процент на озеленетост на градежна парцела според класа на намени; допрецизирање на начинот на одржување на зеленилото; обврска за ангажирање шумарски инженери и пејзажни архитекти при планирање, проектирање, подигање, одржување и заштита на зеленилото; казнени одредби според Законот за прекршоци од 2019 и зајакнато санкционирање на институциите кои не ги испочитувале одредбите за минимум зеленило, не донеле стратешки документи за зеленило, не изработиле зелен катастар, издале градежни дозволи без минимален процент зеленило, уништиле зеленило и др.; допрецизирање на Правилникот за урбано зеленило; почитување на обврската да не се издава градежна дозвола без исполнета норма за зеленило.

Предлог-измените на Законот за урбано зеленило поминаа транспарентен процес од јавна дебата во Градот Скопје на 6.7.2023, со пренос во живо на социјалните медиуми, преку широка јавна дискусија и средби со Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање,  Министерството за транспорт и врски, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и широк круг експерти и граѓански еколошки организации и поединци. Покрај набројаните институции и субјекти, поддршка добија и од Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Зелен институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор