ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО МИКРОФИНАНСИРАЊЕ
На 28 март 2025 година, во село Канатларци, општина Прилеп, успешно ја реализиравме информативната и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до микрофинансирање за жени претприемачи“.
Целта на оваа сесија беше да им се доближат на жените информации и можности за користење финансиски услуги и поддршка за развој на сопствен бизнис. Учесничките имаа можност да се информираат за начините на користење финансиски ресурси преку претставување на концептот на микрофинансирање и програмите за микрозаеми, со цел да ги искористат овие механизми за сопствен економски напредок.



Наши гости и предавачи беа претставници од Халк Банк АД Скопје – филијала Прилеп, Директорот Игор Томески и агент за кредити Виктор Кадинец.
На настанот присуствуваа заинтересирани жени од руралната заедница, кои имаа можност да добијат корисни информации, да поставуваат прашања и да се запознаат со конкретни можности и услови за микрофинансирање и микрозаеми. Посебно задоволство ни беше што дел од присутните беа и нашите курсистки, кои успешно ги завршија обуки што ги организиравме и добија сертификати за стекнати вештини. За нив оваа сесија беше одлична можност да се информираат како да започнат сопствен бизнис и да ги искористат достапните финансиски програми за жени претприемачи.
Активноста беше успешно спроведена и предизвика голем интерес кај учесничките, со надеж дека ќе придонесе кон нивно економско јакнење и охрабрување за започнување или проширување на сопствен бизнис.




Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
This post was originally published on this site