ЈЕГУНОВЦЕ

Презентирана методолгијата за родово-одговорно буџетирање во општина Јегуновце

И понатаму ја продлабочуваме соработката со општина Јегуновце во насока на зголемување на еднаквите можности во локалните заедници и креирање на родово-одговорни одржливи општини

🚻Овој пат на нашата заедничка средба беа присутни дел од советниците во општината, општинската администрација, дел од членовите на Комисијата за еднакви можности, но и вработени во секторите образование, култура и спорт

🚻Сите присутни имаа можност да ја разгледаат детално методологијата за родово-одговорно буџетирање и да поставуваат прашања, да бараат дообјаснувања, но и да изнајдат алатки и мехнизми како оваа методологија може да се применува при креирањето и имплементацијата на програмите во општината

🚻Методологијата веќе се спроведува во повеќе општини низ нашата држава, а една од нашите цели во рамките на проектот „Еднакви можности за СИТЕ: Градење на родово-одговорни одржливи локални заедници“ е токму креирањето на програми и мерки кои што во целост ќе одговараат на специфичните потреби на мажите, жените, но и на маргинализирани групи на граѓани, како и на лицата со попреченост

🚻Од општината ја истакнаа подготвеноста да ја прифатат и воведат во планирањето методологијата за родово-одговорно буџетирање, а презентацијата на методологијата ја следеше и градоначалникот на општината Димитар Костадиноски

🚻Оваа иницијатива е дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, реализиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, a финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор