Mkd projector

Меѓународна конференција на тема „Кликови, пари и влијание: улогите и одговорностите на онлајн медиумите во изборите“

Со задоволство Ве известуваме дека Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) во соработка со Метаморфозис организира меѓународна конференција на тема „Кликови, пари и влијание: улогите и одговорностите на онлајн медиумите во изборите“, која ќе се одржи на 4-5 март 2025 година во Хотел Holiday Inn, Скопје.

Овој дводневен настан ќе ги собере на едно место експертите и засегнатите страни за да се дискутира како на изборите да се зајакне транспарентноста и надзорот на платеното политичко рекламирање за време на медиумската кампања, вклучително и на интернет порталите. Сесиите ќе опфатат повеќе теми, вклучувајќи платените политички реклами, институционалните улоги и променливите услови во динамичната дигитална ера; ќе бидат споделени добри практики, технолошки решенија и регулаторни пристапи за да се обезбеди транспарентност, отчетност и точност во надзорот на интернет порталите.

Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“, поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Собирање на семе за садници за наредната сезона на Боренка

    На 15.12.2025год. во околината на Градско, нашиот член и воедно началник на одред Иван Гушев заедно со волонтерите од СИМ учествуваше во берење на семе од багрем. Целта на берењето на овие семиња е за создавање на нови садници кој се користат во наредната година на пошумувањата организираме од страната…

  • Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во  работната група формирана од Министерството за правда […]
    Read More… from Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи
    The post Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во работната група формирана од Министерството за правда […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата first appeared on Metamorphosis.

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор