%d0%9c%d0%bd%d0%be%d0%b3%d1%83 %d0%b5 %d0%b7%d0%b0%d0%b3%d1%80%d0%be%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d0%b0 1.jpg

Построги закони и подобар стандард можат да ја подобрат безбедноста во земјата

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја проверуваше перцепцијата на граѓаните за безбедноста, како личната, така и општо, во државата. Истражувањето е составено од два дела, а во првиот дел се обработени прашањата поврзани со безбедносната загрозеност, факторите кои влијаат на тоа, областите во кои треба да се инвестира како и за безбедноста на жените и мажите.

Истражувањето покажа дека мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67,0% кај оние со незавршено основно до 47,2% кај испитаниците со завршено високо образование.

Прашани со кои активности може да се надмине безбедносната загрозеност, 64,0% од испитаниците целосно се согласиле со изјавата построги закони и поголема дисциплина помеѓу граѓаните. Големо мнозинство од 91,7% се согласни (потполно или делумно) дека тоа може да се направи со подигнувањето на стандардот на граѓаните што и дава економска димензија на безбедноста. Двете области во кои треба најмногу да се инвестира за да се намали безбедносната загрозеност се јакнењето на институциите (21,8%), вложувањето во луѓето кои се дел од системот на безбедност преку зголемување на плати и набавки на опрема (19,4%).

Невработеноста и сиромаштијата (57,9%), појавата на локален тероризам и вооружен бунт (52,0%) и меѓуетничките тензии (51,3%) се факторите кои можат да влијаат на безбедноста. Голема е согласноста (потполна или делумна) и кај поддршка за факторите како што е нивото на демократија, задолженоста на земјата и порастот на политичката поларизација.

Корупцијата, организираниот криминал, иселувањето во странство и финансиската задолженост ги прави многу загрижени мнозинство од граѓаните на Северна Македонија. Речиси половина од граѓаните се многу загрижени заради злоупотребата на дроги, а околу една третина, заради „белата чума“, односно депопулацијата на населението.

Нема мнозински афирмативен одговор на прашањето за безбедноста на жените во бракот, на работа или на улица. Најмногу потврди одговори има за безбедноста на жените во бракот, потоа на работа и на крај, на улица. За разлика од прашањето за безбедноста на жени, кога е во прашање безбедноста на мажите, сите афирмативни одговори се мнозински. Најголем број (64,2%) сметаат дека мажите се безбедни во бракот. Овој процент се намалува кај безбедноста на работа на 59,7% и уште повеќе кај безбедноста на улица (54,4%).

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета која е  спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор