GLAS PROTIV NASILSTVO 09122016

Партиите се обврзаа на борба против насилството врз жените

GLAS PROTIV NASILSTVO 09122016На 25 ноември, 2016 година, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство организираше настан „Потпишување на заедничка Декларација: Спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство“ со што ја започна и овогодишната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“. Кампањата ќе трае од 25-ти ноември до 10 декември, 2016 година.

На настанот, за прв пат во Македонија, 19 политички партии потпишаа заедничка Декларација за спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејно насилство. Со Декларацијата, политичките партии се обврзаа на ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од сите форми на насилство врз жената и домашно насилство; следење на препораките на Советот на Европа за достапноста и минимум стандардите кои треба да ги исполнуваат услугите за поддршка; како и обезбедување одржливост на услугите преку развивање на програми за финасиска поддршка на национално и локално ниво.

„Потпишувањето на Декларацијата значи дека ратификацијата на Истанбулската Конвенција е извесна и ќе се случи во 2017 година. Заложбата на политичките партии поинтензивно да почнат да работат на овој проблем и да му пристапат со должното внимание кое го заслужува, е само првиот чекор кон решавање на проблемот на насилство врз жените и семејно насилство со кој е засегната секоја трета жена во Македонија“ – изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените.

Свое обраќање имаше и Амбасадорот на Шведска во Македонија, г. Мат Стефансон, кој изјави: „Ми претставува задоволство што толку многу политички партии се посветија на потпишување на заедничката декларација. Ова е важен чекор кон справување со семејното насилство насочено кон жените и децата. Да се направи ова сред турбулнетниот период во кој се наоѓа државата е показател на силната посветеност“.

GLAS PROTIV NASILSTVO 09122016

Г-а Луиза Винтон, Постојан координатор на Обединети Нации, постојан претставник на УНДП и претставник на УНФПА, изјави: „Истанбулската конвенција е најдобрата правна рамка во светот за борба против насилството врз жените во сите негови форми. Охрабрени сме што гледаме дека толку многу политички партии се залагаат за што побрза ратификација на Конвенцијата . Спроведувањето на одредбите на Конвенцијата ќе гарантира побезбедна иднина за жените и девојчињата и ќе помогне да се претвори посветеноста на земјата кон родовата еднаквост, во реалност“.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство е основана во 2010 година, од 27 граѓански организации кои работат на превенција и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Мисијата на Националната мрежа е координирано делување на ГОи во насока на унапредување на политиките и практиките за справување со проблемот на насилство врз жените и семејно насилство. Мрежата се стреми кон препознавање на женските човекови права и нивна афирмација во РМ. Стратешки цели на мрежата се: актуелизирање на проблемот на насилство врз жените и семејното насилство, воспоставување на влијание врз националните политики, зајакнување на внатрешните капацитети и координирано делување на мрежата, подобрување на моделот на заштита на жртви спроведуван од граѓанските организации како и развивање на регионална и меѓународна соработка.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор