MOF 06122016

Одржана обука за нови предавачи по „Учиме право“

MOF 06122016На 3 и 4 декември (сабота и недела), 2016 година во просториите на Младински клуб се одржа обуката за нова генерација на предавачи по „Учиме право“ организирана од Младинскиот образовен форум, поддражана од Цивика мобилитас и Фондацијата Отворено Општество Македонија. На оваа обука учествуваа 23 учесници од Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Струга, Делчево и Прилеп. За целите на оваа обука МОФ распиша јавен повик на кој учесниците беа избрани врз основа на поднесената апликација која се состоеше од кратка биографија, мотивационо писмо како и пополнување на формулар.

Обуката започна со поздравно обраќање и претставување на МОФ и програмата „Учиме право“ од страна на координаторот на програмата Димитар Низамовски.

MOF 06122016

Според агендата следуваше сесијата за елементи на добра лекција и методологијата на предавањето по Учиме право која беше презентирана од страна на Кристина Митрова и Давид Мијовски. За интерактивните методи и техники кои можат да се користат во една лекција во рамки на неформалното образование говореа Димитар Низамовски и Јордан Јованов. Следната сесија беше за демонстрација на предавање по Учиме право, каде што учесниците имаа прилика да се запознаат со начинот на кој се одвива едно предавање. Оваа сесија ја одржаа Димитар Ванчов и Елена Котевска. Кон крајот на првиот ден од обуката учесниците беа поделени во 5 групи, каде што имаа можност да спремат една лекција по Учиме право и притоа да се користат со методи и техники на неформалното образование, и притоа да ја презентираат пред другите учесници.

Следниот ден сите групи ги презентираа своите лекции и на истите добиваа повратни коментари и забелешки од страна на постарите и поискусните предавачи и членови на МОФ во насока на подобрување на нивното предавање. Кон крајот на обуката, присутните добија сертификати за успешно помината обука за нови предавачи по Учиме право, а наскоро ќе се одржи и првиот состаок каде што предавачите ќе се распределат по градови и клубови.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор