Повик за доставување на понуди за мониторирање на отвореноста на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност
Во рамки на проектот „Користење на технологија за промовирање на институционална отчетност и транспарентност“ финансиран од Националниот фонд за демократија, Фондација Метаморфозис објавува повик за доставување на понуди за мониторирање на отвореноста на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност.
Предмет на набавката е мониторирање на отвореноста на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност. Целта на мониторирањето е утврдување на почитувањето на принципите на отвореност на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку методологијата на Индексот на отвореност.
Целосниот повик, заедно со сите детали, условите и начинот на пријавување, можете да го најдете во продолжение: Повик за понуди
Формуларот за финансиска понуда можете да го најдете на овој линк: Прилог 1.
Сите барања за појаснувања на тендерската документација може да се испратат на е-пошта: mila@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 23.01.2025 година.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис