Web.webp

MOФ ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година!

Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ.

Пред 20 години, во 2005 година, Македонија беше домаќин и на Светското дебатно првенство коесе одржа во Струга, а тоа беше можност за создавање нови пријателства и размена на идеи што инспирираа идни генерации. Оттогаш па до денес, дебатната програма на МОФ постојано расте и напредува, од зацврстување на локалните клубови до остварување меѓународни успеси.
Дополнително, МОФ има организирано три меѓународни дебатни првенства.

Што носи 2026 година?

Во 2026 година, Младинскиот образовен форум, повторно ќе ги отвори вратите за тимови од цела Европа, нудејќи им ја уникатната прилика да го искусат македонското гостопримство и енергијата на Скопје. Подготовките за овој голем настан веќе се во тек, а нашата цел е да организираме првенство кое ќе постави нови стандарди, ќе се памети долго и ќе придонесе кон уште поголемо
меѓународно етаблирање на нашата дебатна заедница. Дополнително, целта ни е да ги инспирираме младите дебатери и да ја промовираме дебатата како алатка за критичко размислување, аргументирано изразување и градење позитивни промени во општеството.

Дебатната програма на МОФ нуди бесплатна годишна програма за средношколци, со неделни предавања во Дебатни клубови, водени од обучени предавачи врз основа на стандардизиран курикулум. Средношколците учат за основите на дебатата, аргументирањето, критичкото размислување, тимската работа и јавното говорење преку Средношколски дебатен формат.
На годишно ниво се одржуваат турнири на кои најдобрите тимови и говорници добиваат можност за учество на меѓународни натпревари. Во рамките на програмата е вклучена и универзитетска дебата, со акцент на студентските формати и Британската парламентарна дебата. Целта е да се поттикне култура на дијалог, критичко анализирање на општествените прашања и развивање на
ораторските способности кај младите.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор