Processed A4ed5930 6f1b 4e82 94cf 22678d3a39ee Mcms.jpeg

Дигиталната трансформација води кон поефективно и ефикасно функционирање на граѓанските организации

Работилницата за дигитална трансформација на граѓанските организации организирана на 12-13 декември 2024 година, во Охрид, ја потврдува континуираната поддршка на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” за јакнење на капацитетите на организациите на теми потребни за нивно поефективно делување.

Стратешката агенда на ЕУ 2024–2029 година, усвоена од Европскиот совет во јуни 2024 година, ги дефинира главните приоритети на Европската унија за следните пет години. Една од клучните области на фокус во оваа агенда е зелената и дигиталната транзиција, која има за цел промовирање на иновации, одржливост и технолошки развој, истовремено поттикнувајќи економски раст и социјална инклузија. Со оглед на важноста на дигиталната транзиција, Граѓанскиот ресурсен центар става поголем акцент на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за нивна дигитална трансформација.

image00008 MCMS

Првата сесија од работилницата беше посветена на дигиталната трансформација насочена кон внатре со посебен акцент на алатки за управување со тимови и проекти. Обучувачката Анита Гаговска ја презентираше употребата на апликацијата ClickUp, која може да функционира како „дигитална канцеларија“. Таа објасни дека апликацијата овозможува дневен преглед на сите задачи, што е особено корисно за организации со поголем број членови и проекти, каде што работните обврски може да се преклопуваат и стануваат обемни. Ова ја олеснува комуникацијата и координацијата меѓу членовите на тимот. Анита истакна дека ClickUp не е единствената опција – постојат и други алатки, како Monday.com, и секоја организација треба да ја избере онаа што најмногу одговара на нејзините потреби.

Втората сесија од обуката беше посветен на дигитална трансформација кон надвор, со акцент на дигиталното присуство и застапување преку социјалните мрежи. Дигиталното застапување беше истакнато како моќна алатка за подигнување на јавната свест и поттикнување социјални промени. Во дискусијата беа опфатени различни бесплатни алатки достапни за организациите, како Canva, која во својата про-верзија бесплатно опфаќа до 50 членови, доколку организацијата достави соодветна документација. Дополнително, беа презентирани стратегии за постигнување ефективен дострел со ниски трошоци и креирање апликации базирани на потребите на корисниците.

Дигиталната ера донесе нови алатки и начини за влијание, меѓу кои и новата професија на Social Impact инфлуенсери – личности кои ја користат својата платформа за позитивни општествени промени. Овој концепт, иако првично поврзан со социјалните мрежи, значи некој што инспирира и поттикнува позитивни акции кај другите. Пример за таков инфлуенсер е Greta Thunberg, која предизвикува глобални лидери да преземат акција за климатските промени.

Денешните корисници бараат автентични и персонализирани приказни. За успешна дигитална трансформација, важно е да се дефинира јасна целна публика. Во работилницата учесниците научија како да креираат соодветни персони за нивните кампањи, што е клучно за нивно успешно досегнување. Притоа, тие добија корисни информации за користење на социјални медиуми и оптимизирање на објавите за максимално влијание.

На вториот ден се направи осврт на дигиталните решенија базирани на социјални иновации кои се креативни и одржливи пристапи кои користат технологии за да адресираат специфични општествени предизвици. Овие решенија се дизајнирани да создадат позитивно влијание во заедницата, преку примена на иновативни идеи и методи за решавање на проблеми во различни сектори. На работилницата учесниците беа поттикнати да размислуваат иновативно и да ја искористат својата експертиза заедно со техничките лица за да развијат изводливи решенија. Со овој пристап, учесниците беа мотивирани да се фокусираат на практични решенија што можат да направат разлика во заедницата, користејќи ги социјалните иновации како основа за позитивен напредок.

image00038 MCMS

На работилницата, учесниците имаа можност да го применат своето стекнато знаење преку практични вежби во групи. Целта на овие вежби беше да се поттикне креативноста и тимската работа, при што секоја група идентификуваше конкретен проблем и предложија ефективни и изводливи решенија. Овие активности придонесоа за зајакнување на практичните вештини и овозможија учесниците да добијат реален увид во процесот на развој на креативни решенија што може да имаат позитивно влијание врз нивната заедница.

Ова е прва од низата работилница на темата. По завршувањето на работилницата сите заинтересирани учесници имаат можност да користат менторска поддршка за спроведување на дигиталната стратегија во својата организација. Дополнително, воведната обука за дигитална трансформација на граѓанските организации е достапна и онлајн во Академијата за граѓански организации.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор