Untitled Design(1)

Не само невработеноста, туку и лошиот систем ги турка младите од Дебар кон белиот свет

„Не само невработеноста, туку и лошиот систем ги турка младите од Дебар кон белиот свет“

Невработеноста не е единствената причина заради која младите ја напуштаат земјата туку и незадоволството од системот. Иако невработеноста од 2017-та до сега е речиси преполовена тоа не го сопре процесот на напуштање на земјата од младите. Истражувањето на идуеп покажува дека освен недоволно развиениот здравствен систем, корупцијата и (не)заштитувањето на животната средина и условите за работа, околностите на работното место и се’ она што влијае на работниот ден на младиот човек е меѓу причините. Низ призмата на последниот извештај на европската комисија за напредокот на земјата во однос на поглавјето 19 – социјална политика и вработување ова прашање е опфатено во смисла на главната мерка за справување со невработеноста кај младите односно младинската гаранација така што мерката покажала видни резултати, но се бара капацитетот на агенцијата за вработување да се подобри со цел да се зголеми ефикасноста  како и ефикасноста на испораката на активни мерки на пазарот на трудот.

Сондажите покажуваат дека младите ги мотивира работењето кое не е врзано за едно место. Тие  бараат флексибилно работно време, данокот за т.н „фриленсери“ да се сведе на 0 проценти, како што беше ветено од страна на владата за 2023 година. Општина Дебар според  истражувањето на форумот за промени во образованието е на последно место од петте испитувани општини  во однос на исполнетите обврски кои произлегуваат од законот за учество и младински политики. Според мониторингот општината Дебар нема одделено во буџетот помалку од 0,1 проценти од него за потребите на младите како што е предвидено во законот. Од друга страна југоисточниот реон во кој спаѓа и Дебар е со скоро најмалку активни работни места заедно со Струга и Кичево нешто над 30 илјади. Стопанството едвај преживува во оваа општина.

„постојано се бараат работници, голем проблем имаме со недостаток на работници. Насекаде по продавници и работилници стојат огласи, но никој не се јавува. Нема интерес. Младите завршуваат со образование и заминуваат во странство, најчесто во америка каде веќе имаат роднини“. Вели бизнисмен од Дебар

„во Дебар нема тешка индустрија, нема големи фабрички капацитети каде би се вработиле, заради тоа луѓето сакаат да си заминат. Само од овој град има 15 илјади заминати во америка“ – ни раскажа еден жител на Дебар.

Во Дебар нема странци  како непалци или работници од бангладеш и други земји кои веќе одамна работат во другите  градови. Освен тоа во Дебар одамна не доаѓаат ниту работници од Албанија кои порано ги имаше во голема бројка особено во земјоделството. Сега, велат жителите на Дебар, и тие заминуваат во поразвиените земји не само заради приходите, туку заради подобрите услови.

За оние кои се вработени сеуште е проблематично синдикалното организирање кое е слабо, а потпишаните колективни договори може да се набројат на прсти. Состојбите се подобрени во смисла на приходите и регулираниот статус кој пред неколку години бил незамислив бидејќи работниците работеле со договори на дело или на црно. Сега проблем е што има недостиг на работна сила..

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски вели дека реформата во областа на работните односи мора да се одвива согласно новите времиња и нашите можности, но и нашата визија за тоа во која насока треба да се развиваат нашите трудови односи имајќи ги предвид  регионалните, меѓународните и светските трендови и ветришта кои дуваат во светот на трудот генерално. Но најважно вели јовевски дека треба да се менува начинот на кој размислуваме за овие односи.

„потребна е трансформација на системот , на мајнсетот затоа што се покажа изминатите децении дека колку и да донесеме идеално законско решение доколку немаме луѓе кои што ќе го применуваат тоа соодветно и од страна на работодавачите и нивните организации и од страна на работниците и синдикатите, но и самата влада односно оние што се креатори на политики,ние повторно нема да ја постигнеме целта“ вели Јовевски[1]

И во извештајот  за напредокот на земјава европската комисија посочува меѓудругото дека во врска со социјалниот дијалог спроведувањто и донесувањето на колективните договори во приватниот сектор останува слабо. Законот за мирно решавање на работните спорови треба да се имплементира а капацитетите на социјалните партнери треба дополнително да се зајакнат.

Оваа публикација е дел од проектот Учество на медиумите од Единицата за локалната самоуправа- Дебар во преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ  кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. За содржината на оваа публикација целосно е одговорен Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија“.

[1] https://www.youtube.com/watch?v=zU7pAYj_um8 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за одржлив развој на Заедницата Дебар

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор