Обука за елиминација на насилството врз жените
Компанијата „Вабтек МЗТ“ го одбележа 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со презентација за препознавање и заштита од семејно и родово базирано насилство, подготвена од Славица Анастасовска Анастовска и Наташа Петковска, правни советнички во Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Во презентацијата беше нагласено дека од особена важност е да се заземе став против насилството и сите чинители да направат се’ што е во нивна моќ за да се превенираат сите видови насилство врз жените.
Како дел од оваа презентација се одржа и корисна работилница за самоодбрана, во која лиценцираниот инструктор по аикидо, Трајко Манасиев заедно со Славица Анастасовска од Хелсиншкиот комитет, на учесничките им покажаа практични вештини за подобрување на нивната безбедност, издржливост и самодоверба…
This post was originally published on this site