ЗАПОЧНАА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ЗА ЕКОНОМСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Со големо задоволство известуваме дека во рамките на проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“ на 25 септември 2024 година, започнаа бесплатните професионални курсеви за жените од Општина Кочани. Проектот се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје, во партнерство со Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ од с. Канатларци и ЗОК АДРИОН од Желино, и е поддржан од Швајцарската влада преку Цивика мобилитас.
Целта на овие курсеви е економско зајакнување на жените преку обезбедување на обуки за стекнување нови вештини и квалификации кои ќе им помогнат да се интегрираат на пазарот на трудот. Во рамките на проектот, во десет општини низ осум региони во Република Северна Македонија, вкупно 70 жени ќе имаат можност да се обучуваат во различни области.
На 25 септември 2024 година, во општина Кочани започнаа курсевите за фризерки, овозможувајќи на жените да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат во нивниот економски развој и вклучување во пазар на трудот.



Проектот продолжува со своите активности, со цел да го поддржи економското зајакнување на жените и да им обезбеди нови можности за активно вклучување на пазарот на трудот.
Ги покануваме сите заинтересирани да ја следат нашата веб-страница и социјалните мрежи за повеќе информации околу проектот и идните активности.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ и не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
This post was originally published on this site