Adsiz Tasarim 3 593x1024.jpg

ЗАПОЧНАА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ЗА ЕКОНОМСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО

Со големо задоволство известуваме дека во рамките на проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“ на 25 септември 2024 година, започнаа бесплатните професионални курсеви за жените од Општина Тетово. Проектот се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје, во партнерство со Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ од с. Канатларци и ЗОК АДРИОН од Желино, и е поддржан од Швајцарската влада преку Цивика мобилитас.

Целта на овие курсеви е економско зајакнување на жените преку обезбедување на обуки за стекнување нови вештини и квалификации кои ќе им помогнат да се интегрираат на пазарот на трудот. Во рамките на проектот, во десет општини низ осум региони во Република Северна Македонија, вкупно 70 жени ќе имаат можност да се обучуваат во различни области.

На 25 септември 2024 година, во општина Тетово започнаа курсевите за козметичарки, овозможувајќи на жените да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат во нивниот економски развој и вклучување во пазар на трудот.

Проектот продолжува со своите активности и во останатите таргетирани општини, со цел да го поддржи економското зајакнување на жените и да им обезбеди нови можности за активно вклучување во пазар на трудот.

Ги покануваме сите заинтересирани да ја следат нашата веб-страница и социјалните мрежи за повеќе информации околу проектот и идните активности.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ и не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор