Извештајот за темелни права на ФРА изработен од ЕПИ презентиран во Собранието

Наодите од Годишниот извештај за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската Унија (ФРА)  беа презентирани и дискутирани на јавна расправа во Собранието на Република Северна Македонија во петокот. Овој извештај четврта година по ред е изработен од Институтот за европска политика, како национален истражувачки центар за ФРА во Северна Македонија.

Наодите од извештајот претставуваат значајна појдовна точка за продлабочување на дискусијата и соработката за подобрување на темелните права помеѓу релевантните актери и зајакнување на системот на кочници и рамнотежа во земјата, а во светло на четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед на ООН за човекови права како најопсежна вежба на преглед на напредокот на државата во овој поглед.

Јавната расправа се одржа во соработка со Парламентарниот институт, претседателката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, Маја Морачанин и претседателката на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, Љатифе Шиковска. Освен нив, воведни обраќања имаа и Бен Нупнау, заменик-шеф на мисијата/шеф на одделот за политички печат и информации на Делегацијата на Европската Унија во земјата, како и Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ. По презентација на извештајот, во плодна дискусија се вклучија и пратениците- претседатели и членови на комисиите во Собранието и неформалните групи, чии фокус на работа е областа, предмет на расправата како Снежана Калеска Ванчева, Фадил Зендели, Даниела Иванова,  Бедри Фазли, Соња Михајловска, Марија Костадинова, Марија Ангелова и други, заедно со претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и претставници од постојаната канцеларија на Обединетите нации во земјава, дипломатските преставништва во земјата, УНИЦЕФ и граѓанските организации, активни во областа.

Јавната расправа се одржа во рамките на проектот „Заедничка акција за човекови права“, финансиран од страна на Европската унија.

The post Извештајот за темелни права на ФРА изработен од ЕПИ презентиран во Собранието appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор