цеа

ЦЕА подготви 3 студии за диспаритетите и сличностите на земјите од ЗБ

Тимот на експерти, водени од ЦЕА во рамките на Проектот Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан подготви 3 студии:

Образложение:

Задача 2 ги зема во предвид карактеристиките на шесте земји на Западен Балкан-ЗБ т.е., постоечките диспаритети но и нивните сличности. Затоа сакаме да ги анализираме разликите и сличностите на регионите од земјите на Западен Балкан на ниво на НТЕС 3 на ЕУ, во зависност од достапните податоци. Идејата е дека со оглед на меморандумите за Отворен Балкан Иницијативата-ОБИ и договорите за ОБИ и принципите на слобода на движење на ЕУ, некои НТЕС региони од земјите на ЗБ6 може да имаат повеќе сличности меѓу себе отколку другите НТЕС. Така, оние НТЕС 3 региони што се групираат, т.е., покажуваат сличности во некои демографски атрибути и/или некои социо-економски атрибути може да бидат платформа за поефикасно спроведување на принципите на слобода на движење на ЕУ како и спроведување на целите на ОБИ меморандумите за разбирање и договорите за ОБИ. Ова не значи дека регионите кои се со повеќе разлики не можат да ги постигнат истите цели. Тоа само покажува дека за повеќе слични региони политиките би можеле да се спроведуваат поефикасно бидејќи имаат слични предизвици. Оние региони кои покажуваат поголеми разлики веројатно ќе имаат потреба од повеќе ресурси за да постигнат конвергенција и помалку нееднаквости помеѓу себе.

Во Задача 2 имаме изработено три Книги:

Книга 1: Анализа на диспаритети меѓу земјите: Анализа според статистичките податоци собрани од експертите од Западен Балкан

Во Книга 1 најдовме дека во земјите на ЗБ-6 постои внатрешна миграција кон урбаните центри кои го привлекуваат населението да мигрира внатрешно. Концентрацијата на населението во земјите на ЗБ 6 е забележана во општини со население до 30.000 жители, т.е., 69% од вкупното население од сите 491 општина. Во Албанија половина од населението живее во 7 градови со население од повеќе од 100.000 жители, а во Косово, слично на Албанија, половина од населението живее во 8 од 38 општини. Во Црна Гора, 23 од 25 општини имаат население до 50.000 (половина од населението живее во 4 од 25 општини). Во БиХ, половина од населението живее во 84% од општините. Регионалниот развој е организиран на ниво НТЕС 3 за планирање во Северна Македонија, Албанија и Косово каде разликите помеѓу овие НТЕС 3 опстојуваат скоро една деценија. Во Србија, НТЕС 3 се користи за административна деконцентрација, додека за развојни цели постојат четири региони.

Link до книга 1: Анализа на диспаритети меѓу земјите: Анализа според статистичките податоци

Книга 2: Анализа на територијалните предизвици, потреби и потенцијали на ЗБ-6: Економски преглед

Земјите од ЗБ 6 не тргуваат многу меѓу себе мерено според тоа кои се нивните први пет трговски партнери. Србија извезува во сите земји од ЗБ 5. Албанија има висока концентрација на извоз во Италија (од 45%), слично Северна Македонија има висока концентрација на извоз во Германија (47%). Србија и Албанија не вклучуваат ниту една земја од WB6 како нивни најголеми пет увозници. Извозот и увозот на Србија во основа се еднакви на збирот на другите пет земји.
Има одредена конвергенција на ЗБ 6 кон ЕУ но, таа е ползечка. Имено, БДП по глава на жител на земјите од ЗБ 6 во ПКМ во однос на ЕУ-27 пораснало од 33% на 38% за 10 години. Со ова темпо ќе им треба на ЗБ 6 да го достигнат просекот на ЕУ за 70 години (ако ЕУ го задржи денешното ниво на БДП во период од 70 години).

Земјите од ЗБ 6 денес сè уште се заробени во медиократијата и стануваат посиромашни. Уште полошо, земјите од ЗБ 6 се изложени на ризик да бидат фатени во замка за развој на таленти. Стареењето и намалувањето на работоспособното население (превртена старосна пирамида за Северна Македонија, на пример) заедно со недостатокот на економска динамика во комбинација со поголем удел на млади кои не се вработени, не се образуваат и не се обучуваат, како и региони кои доживуваат значително заминување на млади луѓе во странство, доведоа до намалување во понудата на висококвалификувани и помлади работници.

Регионалните нееднаквости во земјите од ЗБ 6 откриваат дека на локално ниво (особено ниво НТЕС 3) нееднаквостите се помалку изразени. Ова значи дека давањето приоритет на решавањето на регионалниот потенцијал на сличностите во регионите НТЕС 3 во однос на конвергенцијата со ЕУ на ниво НТЕС 1 може да биде поефикасен избор на политики за создавање можност за балансиран развој на регионите, т.е., фокусот би можел да се стави на економскиот раст кој е инклузивен за да се осигура дека придобивките се шират кон сите региони.

Link до Книга 2: Анализа на територијалните предизвици, потреби и потенцијали на ЗБ-6: Економски преглед

Книга 3: Анализа на диспаритети меѓу земјите: Кластер анализа 

Сличноста на регионите во земјите од Западен Балкан е анализирана со помош на анализа на кластери на ниво на НТЕС 3 (колку што имаше достапни податоци), со употреба на одредени индикатори од економиите на Западен Балкан.

Дополнително, анализата врз основа на показателите за економската активност конвергира во кластер во кој субјектите покажуваат релативно поголемо учество на земјоделието во економии со реалтивно низок БДП по глава на жител, како и ниско учество на другите анализирани сектори во БДП. Од друга страна, субјектите со најголемо ниво на БДП по глава на жител, како што е забележано во главните градови на Србија, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, се поврзани со високото учество на трговијата, транспортот и туризмот во БДП. Друг кластер покажува дека субјектите во кои доминира индустријата и активност генерално имаат натпросечно ниво на БДП по глава на жител. Овие наоди се корисни за осмислување на економски политики на регионално НТЕС 3 ниво.

Link до Книга 3: Анализа на диспаритети меѓу земјите: Кластер анализа 

Погледнете ги мапите на НТЕС 3 ниво од Кластер анализата овде: МАПИ

Кратка верзија во формана Извршно резиме на трите студии 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор