ФРЛЗ штип

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на понуди за реконструкција на специјализирана училница и тоалет во О.У „Тошо Арсов“-Штип

До: Сите заинтересирани

Дата: 14.06.2023

Предмет: Барање за доставување на понуди за реконструкција на специјализирана училница и тоалет во О.У „Тошо Арсов“-Штип.

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип го спроведува проектот „Направи разлика”, поддржан од УСАИД, со референтен број 72016522CA00003.

Во рамките на овој проект предвидено е санација на специјализирана училница и тоалет во О.У „Тошо Арсов“-Штип, која опфаќа:

–             реконструкција на училница и тоалет ( скица и слики, прилог 1);

–             Демонтажа на предходни работи и транспорт на шут до депонија;

–              Градежни работи (молерски и браварски);

–              Водовод и канализација.

За таа цел, го доставуваме следниот ПОВИК за доставување на понуди, кој треба да ја содржи следнава документација:

  • Формулар за понуда (Прилог 2)*
  • Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година.
  • Потпишана изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (Прилог 3).

Понудата е деллива и набавувачот го задржува правото да избере различни производи од различни добавувачи.

Просторот планиран за реконструирање е достапен за секој заинтересиран понудувач, за разгледување, пред да ја оформи понудата.

Понудата да има важност 60 дена од почетокот на реконструкцијата.

Цените треба да бидат изразени во денари во формуларот за понуда, без ДДВ.

(Проектот “Направи Разлика!”, e ослободен од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).

Понудите на операторите кои ги исполнуваат погоре наведените услови понатаму ке бидат евалуирани од страна на комисиjата за евалуација, а најповолниот понудувач ќе биде избран според критериумот, ,,најниска цена”.

Понудата се доставува електронски на следнава адреса: info@frlz.org.mk, со назнака: „За тендер Реф.бр. 72016522CA00003 или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр.37 4/2 , 2000 Штип.

Документите во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Доколку понудата се доставува по пошта или физички на рака во архивата на ФРЛЗ, на надворешната страна на ковертот наведете: За тендер Реф.бр. 72016522CA00003 и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”. Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот”.

Понудата треба да се достави во рок од осум (8) дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 23.06.2023 година, до 16:00 часот.

* Понудувачот може да користи свој формулар, со опфат на сите чекори на реконструкција и дадени цени без ДДВ.

Со почит,

Фондација за развој на локалната заедница – Штип

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор