Screenshot

СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан

Проект: СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан

Поддршка: Норвешко министерство за надворешни работи

Мисијата на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е ефективно учество на граѓаните во креирањето јавни политики и нивна доследна имплементација,  мобилизација и охрабрување на граѓаните во решавањето на проблемите во заедницата, поддршка на младите и младинскиот активизам, развој на филантропијата како и развој на моделот на социјално претпријатие за пренамена на текстилниот отпад на територијата на општина Штип, па и пошироко. Фондацијата спроведува низа активности кои се усогласени со нејзината мисија и визија, вклучува организирање јавни настани, спроведува истражувања и анализи, развива методологии, домаќин на форуми и дебати, обезбедува обуки, работилници и консултации на различни теми… Овој проект, покрај финансиската поддршка,  дава можност на ФРЛЗ за подобрување на своите капацитетите, преку приспособена обука и менторска поддршка, со цел да се мултиплицира стратешко влијание и да биде чекор поблиску до одржливоста на организацијата, а воедно и овозможува да се фокусира на приоритетите на корисниците и во исто време да ја следи својата мисија, да  работи кон постигнување на дефинираните цели и да има значајно влијание во областите на безбедност и стабилност и/или управување за уште поголемо влијание во заедницата.

Цели на проектот:

  • Подобрено учество на граѓаните во процесот на креирање јавни политики и нивна имплементација;
  • Промовиран модел на социјалното претпријатие за реупотреба на текстилниот отпад;
  • Зајакнати внатрешни капацитети на ФРЛЗ.

Очекувани резултати:

  • Проактивни граѓани во решавањето на нивните локални проблеми и потреби;
  • Информирани граѓани за можностите за бизнис кои ги нуди текстилниот отпад;
  • Зголемена продажба на производи од текстилен отпад;
  • Усвоена политика за безбедност;
  • Развиени и ставени во функција обрасци за собирање, чување и обработка на статистички податоци за бројот и профилот на корисниците на ФРЛЗ.

Предвидени активности:

  • Состаноци со локални лидери и активисти;
  • Поттикнување локални акции и иницијативи за развој на заедницата;
  • Мониторинг и евалуација на иницијативите;
  • Објави а пишани и видео содршини за социјалното претпријатие за реупотреба на текстилниот отпад;
  • Промоција на производите за продажба преку онлајн продавницата – Заедно и ФБ страната на ФРЛЗ;
  • Директен маркетинг;
  • Работилница за воведување на политика на безбедност;
  • Работилница за развивање обрасци за собирање, чување и обработка на статистички податоци за бројот и профилот на корисниците на ФРЛЗ;
  • Усвојување на политика на безбедност од страна на УО и ФРЛЗ.

Период на реализација: 25/01/2023 – 31/12/2024

Вкупен буџет: 414.120,00 Норвешки круни

Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова

E-mail: ngirova@frlz.org.mk

Телефон: +389 75 496 771

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор