рурална коалиција

Рурална Коалиција ги повикува жените од руралните средини да пристапат кон Руралното женско лоби и да ја потпишат заедничката декларација

Почитувани жени од руралните средини,

Рурална Коалиција, токму на Меѓународниот ден на руралната жена, 15-ти октомври ги повикува сите жени од руралните средини да се приклучат кон Декларацијата за заедничко и отворено делување за родова еднаквост и рамноправност која што ќе биде видлива и која што ќе се практикува во секое село, во секое населено место, на секоја педа од територијата на Репбулика Северна Македонија.

Рурална Коалиција, а и жените од руралните средини кои што ја поттикнаа иницијативата за формирање на Руралното Женско Лоби Ве повикуваат да се приклучите кон оваа декларција и заеднички да се надминуваат сите предизвици кои што стојат исправени пред жените од руралните средини затоа што силата и моќта е токму во заедничкото делување и работа!

Руралното женско лоби ќе работи отворено со сите локални и национални чинители на унапредување на родовата еднаквост, нејзино практикување, но и ќе биде тело каде што жените ќе ја практикуваат својата моќ на одлучување, а понатаму истата таа моќ ќе ја пренесуваат и во органите на државната управа, институциите, локалните власти, советите… Ќе се јакнат капацитетите на членките на Руралното Женско Лоби за заедничко делување, заедничко учење, но и размена на искуства и знаења на национално, но и на регионално ниво. Руралното Женско Лоби ќе ги обедини сите локални лидерки во заедницата и ќе им го даде гласот кој што им е потребен за да ја кажат својата одлука, својата потреба, своето знаење, но и да ја покажат својата УЛОГА во општеството.

Активирањето на Руралното Женско Лоби е поддржано и во рамките на проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, а Република Северна Македонија како земја која што претендира за членство во Европската Унија, Република Северна Македонија треба да се прилагоди кон европските документи и регулативи што пак всушност подразбира еднакво учество на мажите и жените во сите сфери од општественото живеење, вклучувајќи и распределба на моќта во одлучувањето.

За да го искажете Вашиот интерес за вклучување во Руралното Женско Лоби треба да ја прочитате декларацијата и истата да ја потпишете, а потпишаниот примерок да ни го дадете лично во просториите на канцеларијата на Рурална Коалиција, да ни го испратите по пошта или пак да ни го испратите скениран по електронска пошта на следната адреса: rkoalicija@gmail.com

Декларацијата е достапна на следниот линк

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор