Screenshot 19

Галерија од средбата со ГО од источниот и југоисточниот регион, по повод формирање на новата медиумска платформа на заедницата „LocalActive“

На 15.09.2022 година, во просториите на Млади хаб, се одржа средба со граѓански организации од источниот и југоисточниот регион на РСМ, во рамките на проектот “LocalActive” кој го спроведуваме сo Институтот за истражување на општествениот развој „РЕСИС“ од Скопје.

На средбата се дискутираше за подобрување на пристапот до јавната сфера и остварување на комуникациските права на ранливите категории на граѓани, преку иницирање развој на медиум на заедницата, кој ќе претставува платформа која граѓанските организации од овој регион ќе ја користат за создавање на нови канали за комуникација со своите конституенти и со општата јавност која ќе се запознава со работата на граѓанскиот сектор.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy (NED).

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор