цивил

Изборен рапорт (2): Предвремените избори се шок за системот, ЦИВИЛ нотира и црна кампања

Иако беше најавено дека „Изборен рапорт“ ќе се емитува во понеделник, среда и петок, тимот на ЦИВИЛ одлучи да подготви вонредно издание. Следното издание на „Изборен рапорт“ ќе биде емитувано во живо веќе утре, 29 септември 2021, во 11:15 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Став за најавите за можни предвремени парламентарни избори

Предвремените избори се шок за системот. Тие дополнително го поларизираат општеството и штетно влијаат на бизнисот и економијата. Изборите ја одложуваат, а неретко и ја прекинуваат имплементацијата на важни процеси и проекти. И скапи се. Затоа, силна препорака на ЦИВИЛ е изборните процеси да се одржуваат во нивните редовни термини.

Повиците за предвремени избори се интензивни, што веројатно е директниот повод за отворање на дискусијата за предвремени парламентарни избори. Барањата на опозицијата за поединечни оставки може да се оправдани или неоправдани, но барањата за предвремени избори од опозицијата не се доволна причина за тие и да се прифатат. Владата е одговорна за нормално функционирање на државата и не е должна да ги задоволува апетитите за власт на одредени политичари.

Политичка злоупотреба на деца во изборната кампања

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи случаи на политичка злоупотреба на деца во изборната кампања.

Со овие постапки се крши Член 12 став 4 од Законот за заштита на децата во кој се вели: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“. Ова, според нашите правни експерти, подразбира општа забрана за употреба на децата во било каква форма на политичко дејствување, вклучувајќи и политичка изборна кампања.

Прв ден од кампањата: Вообичаени настани, но и црна кампања

Првиот ден на официјалната изборна кампања протече со вообичаените настани и средби со граѓанките и граѓаните. Бележиме битна разлика во настапот на одделните политички блокови. Ниту првиот ден од кампањата не помина без говор на омразата и навреди за политичките противници. Кај дел од партиите се бележи рециклирање стари вицеви и обиди да се дискредитира политичкиот противник.

Црна кампања се бележи во настапот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, со рециклирање стари вицеви со цел да се дискредитира политичкиот противник.

Исто така, црна кампања се бележи и во Кочани, каде што се дистрибуираат летоци со дискредитирачка содржина против актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за оваа функција, Николчо Илијев.

Толку од Кодексот за фер и демократски избори што го потпишаа партиите пред неколку дена.

Џабир Дерала
во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор