Promocija na prvite grantisti i najava za novite grantovi na Civika mobilitas 1

Промоција на првите грантисти и најава за новите грантови на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Првата детска амбасада во светот Меѓаши; Хелтгрупер самит; Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар; Здружението за социјална правда Левичарско движење Солидарност; Здружението ИЗБОР – Струмица; Здружението на новинарите на Македонија; Асоцијацијата за демократска иницијатива – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; Мултиетничкото здружение „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; Здружението за заштита на животни АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ – Центар за слобода; КХАМ Делчево и Центарот за развој на заедницата Кичево.

Promocija na prvite grantisti i najava za novite grantovi na Civika mobilitas 1

Првите институционални грантови имаат вкупен буџет од околу 77 милиони денари и наменети се за поддршка на процесот на институционален развој и организациско јакнење на избраните организации. Нивното зајакнување треба да ги направи поактивни во ангажирањето за постигнување општествени промени во Македонија, за што се залага Цивика мобилитас.

На грантистите им честиташе Амбасадорот на Швајцарија во Македонија, неговата екселенција Стефано Лазарото. Тој меѓу другото истакна дека со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, во последните пет години биле поддржани 70 граѓански организации. „Од овој проект очекуваме многу и му даваме големо значење“, рече Лазарото. „Се надевам дека за неколку години македонските граѓански организации ќе станат главен фактор во општеството“, додаде тој.

По промовирањето на првите грантисти се одржа информативна сесија за акциските грантови за кои повикот веќе е во тек, а беа најавени и повикот за мали грантови за локални општествени акции и повикот за ад-хок грантови.

Promocija na prvite grantisti i najava za novite grantovi na Civika mobilitas 2

Присутните особено се интересираа за акциските грантови на Цивика мобилитас кои ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираа нивните принципи и активности кои вклучуваат градење на нивните конституенти, јакнење на релацијата на граѓаните и граѓанските организации, заедниците и пошироката јавност, подигнување на свеста за приоритетите на ГО и на Цивика мобилитас. Проектите што ќе бидат поддржани со овие грантови можат да траат од 12 до 24 месеци, а расположивиот износ за повикот е 25 милиони денари, односно од еден до 1,8 милиони денари по грант.

Новата фаза на Цивика Мобилитас која ќе обезбеди поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во следните четири години започна во октомври минатата година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци кои се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Презентациите од сесиите:

 

 

Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата…

Posted by Civica Mobilitas on Wednesday, May 6, 2015

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор