20200930 Mak
|

Бирократските обврски им одземаат 154 часа годишно на компаниите

„Истражувањето кое го спроведовме покажа дека со членството во ЕУ ќе се зголеми регулаторниот товар и ќе произлезат нови обврски за фирмите кои ќе треба да ги исполнат“, истакна Никица Блажевска-Мојсовска извршен директор на Македонија 2025, за време на презентацијата на Индексот на бирократија. „Индексот не го мери финансискиот трошок, но самото време потребно за завршување на процедурите е трошок и затоа треба да има нивно скратување и поедноставување“, додаде Блажевска-Мојсовска.

„Ние како влада веќе имаме поднесено иницијатива за формирање на единствен регистар на сите административни процедури кои се однесуваат на бизнис заедницата и граѓаните. Следен чекор ќе биде елиминација на сите непотребни бирократски процеси за администрација да биде сервис за бизнисот и граѓаните. Дигитализацијата ќе се развива како еден од нашите столбови за напредок“, посочи Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија.

Битиќи додаде дека заедно со вицепремиерот за борба против корупција, Николовски, ќе работат на идентификување на слабостите во работењето на администрацијата, особено на тие категории на процедури кои го отежнуваат работењето на бизнисот, водат кон коруптивни дејства и ја намалуваат довербата во институциите на системот.

„За целосна усогласеност на македонските компании со регулативата им се потребни вкупно 154 часа што е добар показател. Тоа се должи на дигитализација на наплата на давачките и даноците и во тој сегмент сме подобри од земјите кои беа дел од истражувањето. Секако, треба да се преземат и чекори за дигитализација на пензискиот фонд за побрз пристап до информации и податоци. За управување со отпад ќе произлезат нови обврски за фирмите што ќе одземе повеќе време, па така и овие процеси треба да се дигитализираат. Има недостатоци и за евиденција на вработени и тие услуги кои треба да се добијат од повеќе шалтери и тоа треба да се промени,“ изјави консултантот Сашо Клековски.

Индексот на бирократија вклучува пресметка во четири категории меѓу кои работни односи, оперативно работење, промена на законска регулатива и други административни обврски и водење на евиденција.

Области за подобрување се унапредување на системот за е-даноци, вклучително и на подобрен ИТ систем за да нема преоптовареност, подобрување на податоците кои ги издава пензискиот фонд, подобрување на регулатива за здравствените прегледи кои се на товар на претпријатијата без јасни ефекти, потоа за добивање на поквалитетни извештаи од Државниот завод за статистика за носење на информирани одлуки на компаниите и подобрување на одредени процедури во комуникацијата со банките и потребните документи.

Оваа активност е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“ во организација на Македонија 2025 и е поддржан од Цивика Мобилитас со акциски грант.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор