ЗАПОЧНА РЕГИСТРАЦИЈАТА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН ЗА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ ВО ЕВРОПА

ЗАПОЧНА РЕГИСТРАЦИЈАТА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН ЗА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ ВО ЕВРОПА

Регистацијата за најголемата дигитална трка во Европа, RACE FOR THE CURE е веќе запопочната. Ова е најголемиот настан (трка) во светот за подигнување на јавната свест за ракот на дојка, како најчестиот вид на карцином кај жените.

Дигиталната трка ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември и во исто време во 42 земји во Европа, а се очекува да се приклучат околу 500.000 учесници. Регистрацијата се одвива преку платформата www.racefothecure.eu, која е преведена на 24 јазици, а вклучени се 34 органзации меѓу кои и “БОРКА – За секој нов ден” како единствена од Македонија.

  • Ковид пандемијата ги стави на чекање сите пациенти кои се борат со ракот. Затоа, повеќе од кога било им е потребна нашата поддршка. Статистиките велат дека на глобално ниво во 2018 година бројот на новодијагностицирани од карцином на дојка биле 2 088 849 нови случаи, додека бројот на смртност бил 626 679. Во Македонија се дијагностицираат 3 до 4 случаи секој денвели Биба Додева, Претседателка на Борка

При регистрацијата, може да се избере личност или мотив за учеството, да се напише персонализирана порака, да се прикачи фотографија или видео за поддршка на одредена личност или организација. Под мотото – Да останеме безбедни, да останеме поврзани, а со споделувањето на социјалните мрежи сите ние всушност придонесуваме за подигањето на јавната свест за оваа болест.

  • Ги повикуваме сите граѓани, активисти, волонтери, поддржувачи, пациенти и излекувани од оваа болест, медицински лица да ни се придружат и да чекорат или трчаат во нивниот град или околина во чест на оние кои се борат, како и во чест на оние кои ја изгубиле битката со карциномот на дојка и прерано не напуштиле – повикуваат од Здружението Борка.

Инаку Борка е полноправен член на Think Pink Europe, европска Алијанса за борба против рак на дојка  а веќе 11 години успешно, секој октомври, ја организира манифестацијата Напред розово, која од годинава прераснува во RACE FOR THE CURE.

Здружението Борка и проектот се поддржани со институционален грант од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор