Гграѓанските асоцијации во Србија се пренасочија кон помош за справување со пандемијата

Гграѓанските асоцијации во Србија се пренасочија кон помош за справување со пандемијата

Пандемија и мерките преземени од страна на Владата на Србија за борба против вирусот корона, го сменија функционирањето на граѓанските организации со цел ​​зголемување на  ефективноста на веќе спроведените активности и подобро опфаќање на најранливите граѓани.

Здружението Граѓански иницијативи испратија прашалник до организациите за нивните активности, потребите на групите со кои тие работат, но и услугите што ќе им ги дадат на граѓаните во наредниот период. Прашалникот ќе продолжи да биде активен а изработена е и  интерактивна карта за да се помогне во координирање на организациите и спојување на потребите и услугите.

Резултатите од истражувањето на 92 ГО преку пополнување на прашалник преку Интернет покажуваат дека само три организации престанале целосно да ја работат својата работа, додека мнозинство (скоро третина) се ангажирани во хуманитарна работа. Вкупно 15 организации ги извршуваат своите редовни активности.

Главните наоди  покажуваат дека за да се заштитат најранливите групи, потребно е да се обезбеди :

  • Дезинфекциски средства, храна, заштитна опрема;
  • Следење на степенот на заштита на човековите права;
  • Точни и објективни информации до граѓаните.

Следно, се области каде организациите можат да обезбедат помош:

  • Помош за најранливите;
  • Истражување и информации;
  • Правна помош.

Конечно, најранливите групи на кои организациите можат да им помогнат се:

Лица со инвалидитет, Роми, жени, деца, старци, бездомници, мигранти …

Можете да ги видите сите податоци за истражувањето, како и приказните на одделни организации кои работат во пандемискиот период на веб-страницата на Граѓански иницијативи.

Кратко за организиците и што работат, повеќе има на линкот.

Асоцијацијата „Дуга“ од Шабац  работи со ранлива популација, како лица од ромската заедница, ЛГБТ, сексуални работнички итн. После изработката на индивидуални безбедносни планови со цел превенција од Ковид 19, „Дуга“ ќе врши достава на храна и останати потребни работи за лицата во самоизолација, пружање на психолошка помош, достава на заштитна опрема итн.

Активни ќе бидат и здруженијата на Ромите. Здружението „Нови Бечеј“ има редовни дежурства со помал број на волонтери на СОС телефонот. Здружението „Рома Херц“ работи на пружање помош на сиромашни стари лица од ромска националност и обезбедување основни животни намирници, како и на информирање на ромската заедница за почитување на мерките во вонредната состојба.

Здружението „Лице улице“, планира секојдневна психосоцијална поддршка за корисниците- за продавачите и продавачките. Освен тоа ќе се занимаваат и со секојдневна едукација за засилените хигиенски мерки, собирање и распределба на хигиенски пакети и пакети со конзервирана храна. Организацијата работи и на обезбедување посебен фонд наменет за најзагрозените.

Националната организација за ретки болести НОРБС ја застапува загрозената група на лица со ретки болести, како и нивните семејства. Како и досега така и во наредниот период НОРБС линијата ќе им пружа информации на овие лица по телефон и по меил. НОРБС во периодов ќе биде посветена и на прашањето на можните последици на лицата болни од ретки болести во периодот на вонредна состојба и примената на заштитните мерки.

Здружението „Зора“ од Крупањ кое дава услуга на дневен престој за деца, млади и возрасни со пречки во развој, своите активности ќе ги насочи кон одржување телефонски контакт со корисниците кои живеат во околните села, а со оние кои се на потесната територија на Крупањ, ќе остваруваат контакти со максимално почитување на мерките на превенција.

Правниот тим на ЈУКОМ ќе пружа правна помош на граѓаните на кои им е потребна поддршка за  евентуално загрозување на човечките права за време на вонредната состојба.

Фондацијата на Ана и Владе Дивац, активностите ги усмерува на хуманитарна помош, пред се на храна и хигиена, и ургентни грантови за поддршка на малите локални иницијативи, како и активности за застапување. Една од иницијативите е за ургентно укинување на ПДВ за донациите на храна и хигиена.

Активностите на ТОЦ (Тимочки младински центар) од Зајачар ќе бидат усмерени кон помош на Црвениот крст на Зајачар, во организација на волонтери и дистрибуција на потребни работи на граѓаните над 65 години. Исто така ќе информираат за начините за заштита, превенција како и почитувањето на човечките права и заштитата на лични податоци.

Фото: nezavisne.com/sretenovitch.com/konkursiregiona.net

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор