20200228 Ljubeznost vest

Кога ќе почнеме да го донираме вишокот храна?

Сопствениците на продавници за храна не се свесни за можностите и малку ја познаваат регулативата за донирање на храна. Ова е еден од наодите од истражувањето направено меѓу компаниите за дистрибуција и продажба на храна, а презентирано во публикацијата „Не фрлајте, донирајте! Храната е ограничен ресурс“ која ја презентираа здруженијата Вистински дела на љубезност и Новинари за човекови права на 26 февруари 2020 година во Скопје.

Истражувањето е направено во периодот од октомври до декември 2019 година и констатира дека еден од клучните проблеми е отсуството на законска регулатива за искористувањето на вишокот на храна. Според наодите, нашата земја нема стратегија за постигнување на целта 12.3 од Целите за одржлив развој во која се вели дека секоја држава треба да го преполови фрлањето храна до 2030 година, а истовремено не постои емпатија или желба за тоа да стане реалност.

Настрана од институциите, приватните компании и граѓаните покажале ниска свест за потребата од донирање на вишокот храна и губењето храна.

Според Организација за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), Северна Македонија се наоѓа на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители. Податоците кои јавно се пласираат говорат дека и кај нас се фрлаат огромни количини на храна која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со три оброка дневно. Од една страна имаме висок процент на т.н. вишок на храна, а истовремено има над 400.000 граѓани кои имаат проблем да обезбедат храна.

Здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ – Скопје е корисник на институционален грант од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор