Вести од Civica Mobilitas
Соработка и солидарност им треба на граѓанските организации
Дваесетина претставници на граѓански организации учествуваа во работата на регоналниот форум на Цивика мобилитас што се одржа на 25 јуни 2015 година во Културниот дом „Григор Прличев“ во Охрид. Темите за кои разговараа беа: учество во носењето одлуки на локално ниво; младински ангажмани; управување со отпад; екологија; мигранти; животни без дом, без грижа.
Потребен е стратешки наместо ад хох пристап
„Во Македонија, како и во другите земји, просторот за граѓанското општество се стеснува, затоа, во Цивика мобилитас, освен финансиска поддршка, сакаме да обезбедиме и простор за дискусии“, рече Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата во своето обраќање до присутните на форумот за скопскиот регион што се одржа на 23 јуни 2015 година во просториите на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари.
Кумановци го ставија фокусот на миграциите и младите
На 10 јуни 2015 година, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово, под мотото „Твој простор, твој глас“, се одржа првиот регионален форум на Цивика мобилитас. Триесетина претставници на граѓански организации и граѓански активисти од североисточниот регион, го искористија „отворениот простор“ што им го нуди регионалниот форум да разговараат на теми на кои сметаат дека треба да се работи за да се предизивикаат општествени промени.
Почнуваат Регионалните форуми на Цивика мобилитас
Под мотото „Твој простор, твој глас“, од 10 јуни оваа година, започнуваат Регионалните форуми за соработка на програмата Цивика мобилитас. Првиот од вкупно осумте форуми ќе се организира во Куманово, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, со почеток во 10 часот.
Краен рок за поднесување пријави за првиот повик за акциски грантови
Крајниот рок за поднесување пријави за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас, реф. бр. ЦМ-АКТ-01 е среда, 20 мај 2015 г. до 16 часот. Канцеларијата на МЦМС ќе биде отворена за прием на пријавите од 9 до 16 часот на 20 мај 2015 г.
Промоција на првите грантисти и најава за новите грантови на Цивика мобилитас
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.